Абхазија, официјално: Република Абхазија - регион во состав на Грузија и де факто независна држава. Независноста на Абхазија е призната од Русија, Венецуела, Никарагва и Сирија. Абхазија е меѓународно призната како дел од Грузија. Голем дел од населението на Абхазија има руско државјанство. Главен град на Абхазија е Сухуми.

Географија Абхазија зазема вкупна површина од 8.664,59 км2. Расположена е во северозападниот дел на Грузија. Има излез на Црно Море. На северозапад се граничи со Краснодарскиот крај, а Кавкаските планини служат како граница помеѓу Абхазија и Карачаево-Черкесија. На исток областа се граничи со Сванетија, а на југоисток — со Самегрело.

Релјефот на Абхазија е претежно ридско-планински. Поголемиот дел од населението живее по или во крајбрежјето и во долините со големи водни текови. Климата е блага и во советско време Абхазија била позната под името „грузинска ривиера“. Абхазија е призната како независна држава од Русија, Венецуела, Никарагва, Науру и Сирија. Сепак, грузиската влада и речиси сите земји-членки на Обединетите нации ја сметаат Абхазија за суверена територија на Грузија. Немајќи ефективна контрола врз територијата на Абхазија, Грузија одржува абхазиска влада во егзил. Кавкаските планини служат за преграда пред студените северни ветрови. Климата по крајбрежјето е суптропска, а средната годишна температура во Абхазија е околу 15 °C. Средните јануарски температури се 4-6 °C, а средните јулски варират меѓу 22 и 23 °C. Силниот мраз ретко се сретнува во зимата по Црноморието.

Реоните со надморска висина над 1000 м имаат планинска клима, во која зимите се многу студени, а летата се долги и топли. Со зголемувањето на надморската височина (над 2000 m) зимата е уште постудена, а летото — пократко.

Економија Платежни средста во областа се апсарот и рубљата. Во Абхазија се произведува чај, тутун, вино и плодови.

Демографија

Населението на Абхазија се состои од околу 244.236 жител. Од нив 50,7% се Абхази и само 17,9% се Грузијци. 17,4% се Ерменци, додека 9,1% се определуваат како Руси. Останатите се Грци (0,6%) и други народи (4,4%). Галерија

Наводи

Надворешни врски President of the Republic of Abkhazia. Official site (en, ru, ab, tr) Abkhaziya.org Abhazia.com www.apsny.ru www.abkhaziya.info apsni.com abkhazeti.ru

Категорија:Закавказје