Езерото Рара, познато и како езеро Махендра, — најголемото слатководно езеро во непалските Хималаи. Тоа е главната атракција на Националниот парк Рара, кој се наоѓа во областите Џумла и Мугу во покраината Карнали. Националниот парк Рара се протега на 106 километри квадратни.
Историја Езерото Рара било вклучено како дел од Националниот парк Рара во 1976 година. Во 1976 година, граѓаните на двете села Чапра и Рара биле преселени во Непалгунџ. Во септември 2007 година, било прогласено за Рамсарско подрачје, кое опфаќало 1,583 хектари вклучувајќи го и околните мочуришта. Моментално, оваа област, заедно со националниот парк, е заштитена од Непалската армија.
Карактеристики Езерото Рара се наоѓа на надморска височина од 2,975 метри, има површина на водата од 10,8 километри квадратни, максимална длабочина од 167 метри, е 5,1 километри долг и 2,7 километри широко. Се влева во реката Мугу Карнали преку реката Ниџар. Бојата на езерото се менува до 5 пати на ден во зависност од климата. Езерото Рара е опкружено со густо пошумени ридови наречени Чучемара Данда на 4,087 метри и Мурма на 3,630 м. Позади ридовите, од езерото може да се види прекрасниот поглед на планината Саипал од Хималајскиот венец. Една обиколка на езерото пеш трае речиси пет часа. Во текот на летната сезона, птици дури од Сибир мигрираат во овој регион.
Социо-културни и верски вредности лево|мини|Поглед на езерото Рара од врвот на планината Мурма Главната дејност на луѓето што живеат во областа е земјоделството. Луѓето исто така одгледуваат кози и собираат лековити билки, кои ги продаваат за својот живот. Заедницата е доминирана од општеството Тхакур. Храмот на Такур Баба се наоѓа во југоисточниот агол на езерото. Локалните жители веруваат дека богот Такур испукал стрела за да отвори премин на езерото и да ја намали штетата предизвикана од поплавите.
Флора и фауна мини|Риба во бистрата вода на Рара Езерото Рара, опкружено со Националниот парк Рара, има уникатно значење за флората и фауната со ретки и ранливи видови. Паркот е основан во 1976 година за да се зачува убавината на езерото и да се заштити од седиментација и неповолни човечки активности. Флората на паркот се состои од 1074 видови, од кои 16 се ендемски за Непал; фауната вклучува 51 вид цицачи и 214 видови птици.Rara National Park.(n.d.). Retrieved from http://icimod.org/hkhconservationportal/PA.aspx?ID=64 Ридовите околу езерото се покриени со зимзелена шума како хималајски чемпрес, западнохималајска смрека, црна смрека и даб. Националниот цвет на земјата, рододендронот, исто така се среќава тука.
Езерото содржи три ендемски видови риби: непалска снежна пастрмка (Schizothorax macrophthalmus), (S. nepalensis и рарска снежна пастрмка (S. raraensis) и една ендемска жаба, жабата од езерото Рара (Nanorana rarica). Снежната пастрмка Рара е забележана само во ова езеро. Во езерото може да се најдат 236 различни видови птици.
Клима
Летото е прилично пријатно, но зимата е студена. Најдобро време за посета на езерото е септември/октомври и од април до мај. Од декември до март, температурите паѓаат под точката на замрзнување и се јавува обилно снежно покривало до еден метар, што го блокира патот до езерото. Од април до јуни, оваа област е топла.
Транспорт мини|„Тара Ер“ таксира по пистата на аеродромот Талча Езерото Рара нема поврзаност со националната патна мрежа и може да се достигне само од најблискиот град Џумла со пешачење. Од Непалгунџ постојат два начина за пристап до езерото, едниот е преку солена рута до Хумла, а другиот преку низа патеки низ регионот Долпо. Најблиските аеродроми се аеродромот Талча во Мугу и аеродромот Џумла во Џумла. Јавен автобус исто така сообраќа и од Сурхет до седиштето на округот Мугу, Гамгади.
Еколошки проблеми Поради прекумерно пасење и испуштање измет, службениците за заштита на езерото во националниот парк се соочуваат со предизвик да го заштитат езерото. Локалните жители сечат дрвја за огрев и столарија, што е проблем за зачувувањето на Рара. Исто така, за време на фестивалите, посетителите и локалните жители произведуваат многу отпад што предизвикува загадување на водата.
Наводи
Надворешни врски
www.rara-lake.com Trek to Rara Laka - Details and Photo Feature Фликр : Езерото Рара
Категорија:Карнали (покраина) Категорија:Страници со повеќеделни слики во автоматски размер Категорија:Врамена карта без назнака за OSM-однос на Википодатоците Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Статии со текст на непалски Категорија:Езера во Непал