Као е остров и стратовулкан во островската група Хаапаи во Тонга . Осторовот се наоѓа на околу 6 км северно од островот Тофуа и достигнува 1.030 метри надморска височина, што е највисоката точка во Тонга.
Датумот на последната ерупција на вулканот е непознат. Иако Као не покажува свежи лавини, веројатно е од многу поново потекло поради отсуството на длабоки клисури или високи морски карпи. Падините на островот се издигаат под агол што надминува 35 степени во однос на врвот, кој има низа мали вулкански кратери . Последната забележана ерупција била на 10 јули 1847 година.
Географија Најдобриот пристап до Као е со мал чамец на јужниот брег на островот, иако силните бранови можат да го направат ова место опасно и потребен е вешт водич. Нема постојани патеки до врвот. Мали површини на долните падини се обработуваат од одгледувачи на кава . Островот е густо обраснат со џунгла на долните страни, прошаран со дебели папрати високи до гради кои се практично непроодни, освен со уптреба на мачети. Иако е малку проодна, самата џунгла завршува со линија на дрвја на приближно 400 метри на планината. Као е исклучително тежок вулкан за планинарење и искачување.
Поврзано
Тонга
Наводи
Надворешни врски
Инвазивни растителни видови кои ја загрозуваат ендемската флора на Као Категорија:Највисоки точки на земјите Категорија:Острови во Тонга Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Вулкани во Тонга