Вештачкото езеро Барута се наоѓа на западниот дел од јужниот планински венец Флиндерс во Јужна Австралија. Изграден е во 1921 година за да го снабдува со дополнителна вода градот Порт Пири како дел од дистрибутивната мрежа на вештачкото езеро Биталу. Браната повеќе не се користи за снабдување со вода за пиење, но се одржува како резервен извор на вода во случај на дефект на цевководот Морган-Вајала. Во мали количини, се користи и за наводнување.
Резервоарот не се полни секоја година. Кога бил завршено во 1921 година, не бил наполнет до преливникот сè до 1932 година. Оригиналниот преливник бил заменет во средината на 1950-тите и потоа повторно во 1978 година.
Во 2018 година, „Рајз Рињуаблс“ добил грант од 3 милиони долари од вкупна проценета цена од 406 милиони австралиски долари за забрзување на предлогот за воспоставување на хидроакумулациска централа со помош на вештачкото езеро Барута. Во тоа време, владата го финансирала развојот на неколку предлози, со оглед на тоа што Јужна Австралија произведувала електрична енергија од ветер и сончева енергија и батерии поврзани на мрежата, но немало хидроакумулациско складирање. Ако се реализира овој проект, се очекува тој да обезбеди помеѓу 200 MW и 270 MW со складирање до осум часа. Според предлогот, вештачкото езеро Барута би се користело како долно езеро, а би се воспоставил нов горен резервоар за пумпање и складирање на вода. „Рајз Рињуаблс“ исто така има предлог за проектот за соларна енергија „Бридл Трек“, кој би можел да обезбеди електрична енергија за напојување на пумпата.
Наводи
Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Вештачки езера во Австралија