Џон Бојн (роден на 30 април 1971 година) — ирски романописец и писател. Тој е автор на шеснаесет романи за возрасни, шест романи за помлади читатели, двe новели и една збирка од кратки раскази. Историскиот роман на Бојн „Момчето во пижами со риги“ (2006) добил одобрувања и пофалби од критичарите и бил адаптиран во драмски филм со истото име во 2008 година. До 2022 година, книгата била продадена во над 11 милиони примероци ширум светот и е една од најпродаваните книги на сите времиња. Романот е исто така преведен на над 58 јазици, а продолжението, „Сите скршени места“, било објавено во 2022 година.
Момчето во пижами на риги „Момчето во пижами со риги“ била објавена во 2006 година. Книгата е продадена на над седум милиони примероци низ целиот свет. Филмската адаптација на „Момчето во пижами на риги“, била снимена во Будимпешта кон средината на 2007 година и била објавена кон крајот на 2008 година. Во режија на Марк Херман, во филмот глумат Аса Батерфилд, Дејвид Тјулис, Вера Фармига, Руперт Френд и Шила Ханкок. Во јануари 2020 година, книгата била цитирана од Државниот музеј Аушвиц-Биркенау, во низа твитови меѓу музејот и авторот, како книга што треба да ја избегнуваат оние што промовираат точно разбирање на Холокаустот. Како одговор, Бојн посочил дека критиките на музејот содржат неточни информации.
Наводи
Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1971 година Категорија:Ирски писатели