Ерменија е поделена на 11 административни единици, од кои 10 се покраини (մարզեր марзер, еднина: մարզ марз) и Ереван, кој има посебен статус како главен град на земјата.
Секоја покраина има свој управник (марзпет) назначен од владата. На чело на Ереван стои градоначалникот, кој е назначен од претседателот.
Покраините понатаму се делат на општини.
Покраини Следува список на покраините со бројот на населението, површината која ја зафаќаат и густината на населеност.Покраини: површина, население и густина — Национална статистичка служба на Ерменија. Во површината на покраината Гехаркуник е вброено и езерото Севан.
Покраина Население(2011) % Површина(км2) Густина(жит./км2) Градскиопштини Селскиопштини Админ. центарАрагацотн132.9254,4%2.756483111АштаракАрарат260.3678.6%2.090125493АрташатАрмавир265.7708,8%1.242214394АрмавирВајоц Ѕор52.3241,7%2.30823341ЕхегнаѕорГехаркуник235.0757,8%5.34944587ГаварЕреван1.060.13835,1%2234.7541——Котајк254.3978,4%2.086122760ХразданЛори235.5377,8%3.799628105ВанаѕорСјуник141.771 4,7%4.506327102КапанТавуш128.6094,3%2.70448557ИџеванШирак251.9418,3%2.680943116Ѓумри
Општини Секоја покраина е составена од општини. Секоја општина има своја самоуправа и опфаќа едно или повеќе населени места, кои можат да бидат градски или селски. Во 2007 г. Ерменија имала 915 општини, од кои 49 градски и 866 селски. Статус на општина има и главниот град Ереван. Покрај тоа, Ереван е поделен и на полуавтономни реони.
Поврзано Географија на Ерменија Демографија на Ерменија ISO 3166-2:AM
Наводи
Надворешни врски Национална статистичка служба на Ерменија Ерменија на Statoids
Категорија:Списоци за Ерменија Категорија:Списоци на административни единици на земјите