Трихотомин — светлосин пигмент кој се наоѓа во бобинките од растението Clerodendrum trichotomum, кое потекнува од Кина и Јапонија. Има нова хромофорна структура која се разликува од претходно проучуваните растителни пигменти. Количината на пигмент во бобинките се зголемува како што зреат.

Историја и употреба Бобинките од C. trichotomum историски се користеле за природни боила. Во 1978 година, тим истражувачи на Нагојскиот универзитет претпоставил дека трихотоминот е пигментот одговорен за бојата. Ова било потврдено во 1992 година.

Во услови на растечка загриженост за влијанијата од консумирањето вештачки бои за храна, научниците го проучувале трихотоминот како можна алтернатива на растителна основа за производство на сина боја за храна. Делумно е интересен затоа што синиот пигмент е многу редок по природа, па затоа бројот на одржливи опции за производство на е значително поограничен од оние на почестите пигменти, како што е црвениот. „Сан-Еи Ген“, јапонски производител на бои, произвел екстракт од пигментот и го користел за истражување. Откриле дека трихотоминот не е акутно отровен за глувците.

Наводи

Категорија:Дикарбоксилни киселини Категорија:Статии со краток опис Категорија:Биолошки пигменти Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ