Слава (, ) — јужнокорејска телевизиска серија во жанрот одмазднички психолошки трилер, напишана од Ким Ун Сук и режирана од Ан Гил Хо за Netflix. Во главните улоги се појавуваат Сонг Хје Кјо, Ли До Хјун, Лим Џи Јон, Јом Хје Ран, Парк Сунг Хун и Џунг Сунг Ил.

Серијата била поделена на два дела: Дел 1 бил објавен на 30 декември 2022 г., а Дел 2 на 10 март 2023 г. И двата дела добиле критичко признание и постигнале голем успех во гледаноста. Серијата добила осум номинации на 59-та церемонија на доделување на наградата „Пексанг“, освојувајќи три награди: „Најдобра драма“, „Најдобра глумица“ за Сонг Хје Кјо и „Најдобра споредна глумица“ за Лим Џи Јон.

Содржина Мун Донг Ун, поранешна жртва на училишно насилство, планира и бара одмазда против нејзините насилници откако ќе се вработи како класна раководителка во основното училиште на детето на водачот на насилниците (Ха Је Сол). Некои сцени се засновани на вистински настан од 2006 г., кога група средношколци од Чонгџу, Јужна Кореја, изнудувале пари од својата соученичка околу еден месец, постојано тепајќи ја и горејќи ја користејќи предмети во тој процес.

Улоги

| Сонг Хје Кјо | Мун Донг Ун |- | Ли До Хјун | Џу Јо Џонг |- | Лим Џи Јон | Парк Јонг Џин |- | Јом Хје Ран | Канг Хјон Нам |- | Парк Сунг Хун | Џон Џе Џун |- | Џунг Сунг Ил | Ха До Јонг

Епизоди

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Оригинални програми на Netflix Категорија:Телевизиски серии на корејски јазик Категорија:Јужнокорејски телевизиски серии __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__