Георгиос Сотиријадис (1852 – 1942) е грчки филолог, археолог и академик.
Биографија Роден е на 25 април 1852 година во град Валовишта, тогаш во Османлиската империја (денешно Сидирокастро, Грција). Учел на Универзитетот во Атина, но образованието го завршил во Минхен, каде што се стекнал со докторски степен. Во 1896 година е назначен за уредник на археолошкото друштво, а од 1912 е професор по историја на Атинскиот универзитет. лево|мини|Елинизмот на Блискиот Исток, 1918 Во Лондон во 1918 година објавил една карта под наслов Елинизмот на Блискиот Исток. На картата се дадени одредени етнолошки состојби на јужниот Балкан и во западните делови на Мала Азија. Нормално, картата ги отсликува грчките видувања за состојбите. Тоа, пак, не значело дека Сотиријадис прави некаков фалсификат, или пак претерува. Најинтересно е прикажувањето на територијата на која било населено, според Сотиријадис, македонско-словенско население. Во делот на Македонија кој бил во состав на грчкото кралство, ова население било присутно во регионите околу Лерин, Воден, Костур, малку посеверно од Солун, како и во околината на Серез. Интересно е да се забележи дека со бојата која го означувала споменатото население е обоен најголемиот дел од делот на Македонија, кој влегол во составот на бугарското царство. На оваа карта нема податоци за етнолошките состојби во делот на Македонија под српска власт. Тоа е логично ако се има предвид самиот наслов на картата. Исто така не треба да се изуми дека Грција со Србија биле на иста страна во втората половина од Првата светска војна, а со тоа и грчките погледи не биле насочени кон сојузничката територија. Оваа карта е многу значајна, не само затоа што е еден од ретките докази за грчкото признавање на македонската посебност во тој период. Самиот автор, кој потекнувал од Македонија, бил угледен универзитетски професор, човек од доверба на тогашниот премиер Венизелос, поточно негов пријател, и личност која била ангажирана од страна на грчката влада за да прибира докази за бугарското однесување во источна Македонија во време на Првата светска војна.
Категорија:Родени во 1852 година Категорија:Починати во 1942 година