Баба (англиски: Bubba; – 22 август 2006) ― џиновски групер (квинслендски групер) кој живеел во Шедовиот аквариум во Чикаго, Илиноис. Верувано е дека Баба е првата риба што била подложена на хемотерапија. Честопати го нарекувале „Супер груперот“ (The Super Grouper).
Историја Бaба бил оставен во кофа на прагот на аквариумот во 1987 година од неименуван дарител, со порака во која го замолувал да му биде најден добар дом; во тоа време, тој бил женка и долг околу 25 см. Баба го променил полот во машки (бидејќи бил протогин хермафродит) во средината на 1990-тите и на крајот пораснал до 70 кг додека живеел во изложбата на ајкули „Див гребен“ при аквариумот. Работниот кадар на аквариумот почнал да го нарекува Баба (Bubba) поради неговиот гломазен изглед и однесување.
Во 2001 година, Баба развил необичен израсток на челото, за кој на крајот било дијагностицирано дека е малиген; аквариумот повикал ветеринари да го отстранат израстокот хируршки и да го третираат Баба со хемотерапија таа година, и повторно во 2003 година, кога повторно пораснал.
Службениците на Шедовиот аквариум изјавиле дека Баба бил популарен кај преживеаните од рак, особено кај децата, и бил омилен кај посетителите. Одделот за онкологија на Детската болница „Хоуп“ во Оук Лоун, Илиноис, му дал признание на Баба, со спомен-плочка во одделението.
Баба починал на 22 август 2006 година, веројатно поради проблеми со неговото здравје, поврзани со неговата старост и медицинска историја.
Наводи
Категорија:Статии со микроформати за вид Категорија:Единки животни во Соединетите Држави Категорија:Единки риби Категорија:Serranidae Категорија:Починати животни во 2006 година Категорија:Родени животни во 1982 година