мини|Рибни хидролизати кои се претворени во исушен производ. Рибен хидролизат, во својот наједноставен облик, е мелена риба преобразена во течна фаза, каде што раскинувањето на молекуларните врски се случува преку разни биолошки постапки. Изборот на суровина; или цела риба или нуспроизводи, зависи од комерцијалните извори на рибата. Во некои случаи, деловите од филетите се отстранувани за човечка конзумација, преостанатото тело на рибата (воглавно цревата, коските, 'рскавицата, лушпите и преостанатото месо) е ставано во вода и е мелено. Некои рибни хидролизати се мелат пофино од другите, така што повеќе коскен материјал може да остане. Ензимите може да бидат користени и за растворање на коски, лушпи и месо. Ако бидат отстранети поголемите парчиња коски и лушпи, содржината на калциум или минерали може да недостасува во готовиот производ. Ако купувате рибен хидролизат за земјоделска употреба, треба внимателно да ја погледнете етикетата за концентрација на минерални елементи во течноста. Некои рибни хидролизати се претворени во сушен производ, зголемувајќи го потенцијалот за вклучување како состојка во други прехранбени производи или производи за добиточна храна. Маслото се одвојува во оваа постапка, што значи дека омега 3 масната киселина ќе остане со маслото, а не хидролизатот.Critical Reviews in Food Science and Nutrition, том 40, издадено 1 јануари 2000, стр. 43–81.

Употреба на рибниот хидролизат Постојат многу употреби на рибниот хидролизат - од ѓубриво на основа на риба, до негова употреба како храна за животни, па дури и за примени за човечка исхрана кои се во развој. Голем број научни списанија ја наведуваат противпролиферативната активност на хидролизатот од рибна белковина, што го прави подобен за наведување како нутрицевтик.Picot, L, et al., 'Antiproliferative activity of fish protein hydrolysates on human breast cancer cell lines', Process Biochemistry. том 41, бр. 5, мај 2006.

Случаен улов лево|мини|Хидролизатно обработено мелено месо. Новите технологии кои ја зголемија ефикасноста на риболовот, исто така, резултираа со фаќање на видови или големини кои не се соодветни за пазар, познато како случаен улов. Зголемениот улов на цела риба која не може да биде продадена, е резултат на зголемениот случаен улов во рибарската индустрија. Овие риби често се фрлани во море, но исто така се внесувани во пристаништата во складиштата на рибарските бродови. Ова поттикнало поттик за наоѓање пазар за случаен улов со цел да бидат намалени трошоците за производство.

Стабилизатори Постапката на течен хидролизат на риба ја меле целата риба, потоа ензимски ја вари, потоа го меле и го втечнува добиениот производ, познат како гури. Бидејќи станува збор за ладна постапка, гурито се распаѓа побрзо од рибната емулзија и треба да биде стабилизирана на пониска pH вредност, што бара повеќе киселина. Истражувачите пробале мравја киселина, сулфурна киселина и други. Мравјата киселина имала фитотоксични ефекти врз растенијата. Фосфорната киселина е претпочитаниот стабилизатор.Brian Baker, Plant Nutrition from the Sea, Farmer to Farmer 16 (сеп./окт. 1996), достапно семрежно на .

Споредба со рибната емулзија Ако рибниот хидролизат е загреван, маслата и одредени белковини можат полесно да бидат отстранети за да бидат продавани во прочистени облици. Сложените белковини, јаглехидрати и масти во рибниот материјал се денатурирани, што значи дека се разградуваат во помалку сложени храни. Прегревањето може да резултира со уништување на материјалот како храна за одгледување корисни организми. Откако маслата ќе бидат отстранени, а белковините ќе бидат денатурирани и поедностават со постапката на загревање, овој материјал е нарекуван рибна емулзија. Постапката на хидролизат има значително пониски капитални и производствени трошоци во споредба со производството на рибната емулзија.

Наводи

Надворешни врски

Преработка на слатководна риба - опрема и примери на технолошки линии

Дополнителна литература

Хордур Г. Кристинсон и Барабар А. Раско, Fish Protein Hydrolysates: Production, Biochemical, and Functional Properties стр. 43–81, 40 Институт за прехранбена наука и технологија 1 (Универзитет во Вашингтон, 2000).

Категорија:Подобрувачи на почвата Категорија:Рибни производи Категорија:Органски ѓубрива