Џо Мар ― американски новинар истражувач, кој ја добил Пулицеровата награда за истражувачко новинарство.
Биографија Џо Мар бил роден во Џенова, Охајо и го посетувал средно училиште во областа Џенова и на Туторијалниот колеџ „Онорс“ на Универзитетот во Охајо, каде што се стекнал со диплома по новинарство.
Во 2004 година, Мар бил нагрден со Пулицеровата награда за истражувачко новинарство во 2004 год, заедно со Мич Вајс и Мајкл Д. Салах, за серијалот за злосторствата извршени од „Тигар Форс“, вод на американската армија за време на Виетнамската Војна. Триото, исто така, го добило Медалот од Истражувачките новинари и уредници ; прво место - наградата Сигма Делта Чи за истражувачко новинарство; прво место - наградата Ниман, доделена од Фондацијата Ниман за новинарство на Универзитетот Харвард и прво место - награда за истражувачко новинарство од Асошиејтед Прес Друштвото на Охајо.
Неговата истражувачка работа за „Толедо Блеј исто така вклучувала и истрага за наводите дека полицијата во Толедо одбила да ги уапси или истражи насилните свештеници. Покрај неговото дело, наградено со Пулицерова награда, Мар напишал и серија раскази за злоупотребата и занемарувањето во системот за ментално здравје за „Сент Луис пост-диспеч“.
Моментално пишува за „Чикаго трибјун“ каде што бил финалист за Пулицеровата награда за локално известување во 2015 година за неговото известување за корупцијата во владата во предградието на Чикаго, Харви, Илиноис. Категорија:Живи луѓе Категорија:Американски новинари