Gymnocephalus schraetser — слатководна риба, долга до 20 см, која припаѓа на семејството костреши. Се мрести од април до мај.

Опис и градба Gymnocephalus schraetser има многу издолжено тело, светло зеленикаво-жолта боја со темни ленти, а главата ѝ е многу зашилена. Грбните перки ѝ се споени и испрекинати со темни дамки. Лушпите ѝ се длабоко вкоренети во кожата, а телото ѝ е лигаво и лепливо. Муцката ѝ е полусвиткана и издолжена. По телото се протегаат 3 или 4 надолжни ленти, кои често се прекинати. Може да порасне до 20 см.

Навики, живеалиште, распространетост Gymnocephalus schraetser често влегува во горните делови на реките, иако претпочита подлабока вода со песокливо или чакалесто дно. Се храни со фауна од дното. Исто така, сака брзи водотеци, а влегува и во езерца. Во Србија, живее во водите на сливот на Црното Море.

Репродукција Gymnocephalus schraetserсе мрести во април и мај, на места со силни водни струи. Женката положува до 10.000 јајца, што е најголемиот број што може да го положи.

Наводи

Надворешни врски

Итиофауна

Категорија:Ендемизам Категорија:Ранливи видови според МСЗП Категорија:Риби Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј