Synchiropus morrisoni — еден инетересен вид на Callionymidae. Таа е за првпат сретната во југозападниот Тихи Океан од Јапонија до Австралија и источно до Маршалските Острови и Фиџи.
Етимологија Специфичното име на оваа риба му оддава почит на Џ.П.Е. Морисон (1906-1983), американски малаколог кој бил кустос на мекотели во Националниот музеј на Соединетите Американски Држави, и кој ги поминал летата 1947 и 1948 година на атолот Бикини.
Опис Ова е мала риба, која што може да достигне максимална големина од околу 7 сантиметри. Има меки грбни зраци разгранети. Кај мажјаците првата грбна перка е многу повисока од втората, а за разлика кај женките таа грбна перка е пократка. Најчесто нивната бојата е шарена црвена со бели точки кои што се во различна големина и темно кафеава дамка што покрива најмалку половина од основата на една од нивните прни перки. Кај мажјаците, обично првата грбна перка има тесни ленти со светло сина боја, а долната глава и предниот дел од телото имаат сини точки.
Распространетост и живеалиште Synchiropus morrisoni може да се сретне на следниве места: Jапонија до Австралија и источно до Маршалските Острови и Фиџи. Овој вид најчесто може да биде виден на карпите кои што се покриени со алги на страните од гребените што се свртени кон морето; ретко може да се сретне на длабочини помали од 25 метри во повеќето области со корални гребени.
Наводи
Категорија:Риби на Јапонија