Bodianus diana — вид на риба која живее во одредени делови на Индискиот Океан од африканскиот брег до Никобарските Острови и Кокосовите Острови. Извештаите за нејзиното среќавање на западниот Тихи Океан се погрешни. Се јавува често на морската страна од гребените кои што се на длабочина од 6 - 50 метри (иако ретко подлабоко од 25 метри. Оваа риба може да достигне должина од 16,9 см. Овој вид има мало значење за локалниот комерцијален риболов и се среќава во трговијата со аквариуми.

Живеалиште и исхрана Bodianus diana генерално може да се сретне во Индо-пацифичкиот регион, исто така вклучувајќи го и Црвеното Море и Источна Африка кон Маршалските Острови. Млади единки се видени дека живеат меѓу пипалата на коралот Heliofungia actiniformis.

Овие риби се хранат главно и најчесто со мекотели и ракови. Познато е дека младите риби отстрануваат паразити од други риби.

Овој вид на риба често може да се сретне во трговијата со аквариуми.

Наводи

Надворешни врски

marinespecies.org

Категорија:Незагрозени видови според МСЗП Категорија:Риби