Захариј Ѓорев–Стамболиев (или Ѓурев, ЃоровБожинов, Воин. Българската просвета в Македония и Одринска Тракия 1878-1913, София 1982, с. 69.) (Куманово, – Софија, ) — македонски револуционер и учител, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонската револуционерна организација.

Животопис Ѓорев е роден на 8 април 1871 г. во Куманово, тогаш во Отоманското Царство. Учел во машката гимназија „Св. Кирил и Методиј" во Солун, по што станал учител во ениџевардарското село Грубевци (1891-1903). Стапил во ВМОРО во 1897 г. и бил меѓу првите организациони дејци во тој реон. Покрај револуционерната активност тој собирал фолклорни материјали од околијата и пишувал дописки до весникот „Новини“.Филипов, Никола. „Свети Кирик“, Горни Воден, Долни Воден, Издателство „SM“, Пловдив, 2011, стр.92 Во 1903 г. станал четник на Апостол Петков, а учествувал во Илинденското востание на чело на 20 милиционери од с. Грубевци, со кои на 19 јули ги исекле телеграфските жици и ги срушиле столбовите во реонот.

По пропаста на востанието се иселил во Бугарија, каде работел како учител. По Младотурската револуција (1908) станал учител во Крива, Ениџевардарско, но за време на разоружувачката акција од 1910 г. пребегал во Бугарија и бил учител сѐ до неговото пензионирање во 1927 г. Подоцна учествувал во раководството на Ениџевардарско-гуменџинското добротворно братство и бил негов секретар во 1930 г. Починал на 8 март 1943 г. во Софија.

Наводи

Категорија:Македонски просветители Категорија:Македонски револуционери Категорија:Македонски учители Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Дејци на Македонските братства Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Погребани на Централните софиски гробишта