Славе Крстанов Атанасовски – Крстанче (Охрид, – Охрид, ) — македонски копаничар. Се смета за дел од „Големата охридска четворка“ резбари, заедно со Димитри Јанков, Петар Калајџиев и Наум Донев.

Животопис Крстанче е роден во 1915 г. во Охрид, тогаш во Кралството Србија. Завршил Резбарско училиште во родниот град (1935/1936), каде бил ученик на академскиот вајар Бранислав Јованчевиќ од Крагуевац (1929-1932) и на Бранко Шотра, а се усовршил во Белград кај чешкиот мајстор-резбар Антон Книха и кај резбарот-скулптор Анте Бихиќ. По Втората светска војна, тој станал наставник во Резбарското училиште во Охрид (1947–1949) и во Училиштето за применета уметност во Скопје, а потоа работел во Резбарското ателје „Андон Дуков” (1950–1962) и во Музејот на Охрид.

Има изработено над 2.660 примероци резбарен мебел, копаници, икони од дрво, иконостаси, маски, розети и друго. Повеќе негови изработки се наоѓаат во Соборната црква во Скопје, во црквата „Св. Атанасиј” во Болно, Ресенско, црквата „Св. Богородица” во Калишта, Струшко, 25 дела во Музејот „25 Мај” и во Палатата на Федерацијата, во Македонска сала, во Белград. Посебно впечатливи се резбарените столбови со висина од 10,5 х 0,50 м ширина во свечената сала на МАНУ и двете розети во Палатата на Федерацијата во Белград. Од основањето, тој бил член на Здружението за применети ликовни уметници на Македонија. Имал 17 самостојни изложби. Починал на 1 април 1998 г. во Охрид.

Наводи

Категорија:Македонски копаничари Категорија:Југословенски копаничари