Волковски манастир — манастир во тетовското село Волковија.

Манастирот бил еден од најзначајните христијански светилишта во Полог во средниот век. Во него бил препишан словенски минеј за месец февруари, кој по неколку префрлања во скопски манастири бил пронајден од Кирил Пејчиновиќ и однесен во Лешочкиот манастир.

Местоположба

Манастирот се наоѓа јужно од селото Волковија, сместен на возвишението Чука.

Историја

Најрани податоци за постоењето на манастирот „Св. Ѓорѓи“ во Волковија се од крајот на или од век.

Најголем подем манастирот постигнал за време на игуменот Варлаам, кој развил широка просветителска и проповедничка дејност. Во овој период во манастирот функционирала и Волковската препишувачка школа во која се напишани дела од непроценливо значење. Најзначајно дело е Волковскиот минеј за месец февруари, кој е од особено значење за македонската и славистичката наука. Ова ретко црковно дело има големо значење за проучувањето на историјата на македонскиот јазик и македонската писменост и култура.

Манастирот повторно бил споменат и во 1550 година, кога била спомената смртта на игуменот Варлаам. Во тоа време во манастирот бил препишан словенскиот минеј за месецот февруари. По рушењето на манастирот, споменатиот минеј припаднал на скопскиот манастир „Св. Никола“ кај Шишево, а подоцна на скопскиот манастир „Св. Архангел“. Од таму од страна на Кирил Пејчиновиќ минејот бил пренесен во манастирот „Св. Богородица“ кај Лешок. Ова е дознаено во 1835 година од факсимил од записот на првата корица на минејот напишан од Арсениј, прв ученик на јеромонахот Пејчиновиќ.

Отецот Варлаам често се судирал со проблеми предизвикани од криминални групи и банди кои во тоа време особено биле активни. Во 1561 година, светилиштето било запалено и до темел уништено од страна на Османлиите. Отецот Варлаам бил сурово заклан и затрупан во рушевините. Рушењето на манастирот го наредил Синан-паша, а од рушевините ја изградил Синан-пашината џамија во Скопје. Минејот и другите вредни книги биле извлечени од рушевините и чувани од видни селани, а потоа подарувани на манастирските библиотеки низ Македонија.

По рушењето на црквата останале само два камени крста, каде мештаните подигнале параклис во 1927 година. Во параклисот биле ставени и двата камени крста, остатоци од некогашната манастирска црква. Додека не постоел параклисот, верниците се собирале и палеле свеќи околу двата камени крста.

Во 1999 година, мештаните покренале иницијатива за возобновување на манастирот. Тогаш бил срушен дотраениот параклис и на 23 мај со благослов на митрополитот Полошко-Кумановски г. Кирил се извршило осветување и полагање на камен-темелник од страна на архијерејскиот намесник протојереј-ставрофор Мирко Станковски за нова црква.

Сегашниот објект на црквата бил изграден и осветен во 2006 година од страна на митрополитот г. Кирил.

Градби во манастирот

Манастирскиот комплекс е составен од: главната манастирска црква, свеќарник со крст, камбанарија, како и други помошни објекти.

Црква „Св. Ѓорѓи“

Главната манастирска црква е посветена на Света Ѓорѓи, по која е и наречен целиот манастир.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Волковија (Тетовско) Категорија:Манастири во Македонија Категорија:Манастири на МПЦ Категорија:Манастири во Тетовско-гостиварската епархија Категорија:Манастири во Тетовското архијерејско намесништво