Воспитно-поправен дом „Тетово“ — специјализирана воспитно-поправна установа од полуотворен вид за превоспитен третман на малолетни и полнолетни машки лица на возраст од 14 до 23 години во близина на селото Волковија, во западниот дел на Македонија.

Местоположба

Домот е изграден покрај регионалниот пат 2233 во непосредна близина на селото Волковија.

Опис

Во домот престојуваат деца од 14 до 23 години со одредени судски мерки.

Историја

Домот е целосно нов комплекс на објекти со површина од околу 16.000 м2, ограден со безбедносна жичена ограда, шеталишта и спортски игралишта. Објектот бил изграден во 2020 година.

Домот поседува три згради за сместување на децата во отворено одделение и одделенија со засилен надзор. Покрај сместувачките капацитети има административен блок, каде има приемно одделение, амбуланта, кујна, трпезарија, перална, образовно одделение, повеќенаменска сала и административен дел за вработените, како и објект со работилница и гаража за работно ангажирање на децата.

Наводи

Категорија:Затвори во Македонија