Је Чисун (16 јули 1898 година - 13 јануари 1977 година), исто така наречен Је Хонгџуан бил кинески физичар и еден од основачите на модерната физика во Кина.
Образование Је потекнувал од семејство со многу големо образование. Неговиот прадедо служел во владина канцеларија за време на Чјинг династијата и придонел со официјални записи за изданието на „Историја на Шангај“. Неговиот дедо Је Џиаџен работел во Империјалниот колеџ. Неговиот татко Је Џингјун бил успешен кандидат на царските испити на покраинско ниво и бил назначен за директор на училиштето Џингје, а и како професор по кинески јазик на Универзитетот Цингхуа и претседател на Шангајската асоцијација за образование.
Во 1907 година, Је го посетувал училиштето Џингје, каде што неговиот татко бил во служба како директор. Во 1911 година, бил примен на Универзитетот Цингхуа, каде што дипломирал во 1918 година. Подоцна отпатувал во Соединетите Американски Држави за да студира физика на Универзитетот во Чикаго и на Универзитетот Харвард. Во 1923 година, докторирал по физика на Харвард, под менторство на Вилијам Дуан. Г-дин Дуан, Је и Х. Палмер, го објавиле академскиот напис „Повторно мерење на константата на зрачење, h, со помош на Х-зраци“ , во Националната академија на науките на САД, со успех.
Откако претходно патувал во Европа, во април 1924 година Је станал вонреден професор по физика на Националниот југоисточен универзитет во Нанџинг (подоцна Универзитет Нанџинг).
Настава
Пред кинеско-јапонската војна Во 1924 година, тој станал дел од наставниот кадар како доцент, на Националниот југоисточен универзитет и се приклучил на Кинеската научна асоцијација. Потоа, во 1925 година, бил регрутиран од Универзитетот Цингхуа и станал редовен професор во 1926 година. На универзитетот ги довел своите студенти Чунг-Јао Чао и Рувеј Ши.
Во 1926 година, го основал одделот за физика на Цингхуа и станал негов прв претседател. Во 1929 година, универзитетот го основал факултетот за природни науки, а Је станал декан, како и еден од седумте главни високи извршни администратори на универзитетот. Од 1926 до 1937 година, ги ангажирал Шјонг Чинглај, Ву Јоушун, Са Бендонг, Џанг Цигао, Хуанг Цичинг, Џоу Пеијуан, Чунг-Јао Чао и Рен Џигонг да бидат професори на Цингхуа, согласувајќи се да му исплаќа на Ву Јоушун повисока плата од неговата. Дополнително, Је го поддржал Шјонг Чинглајовото одобрување Хуа Луогенг да предава на Цингхуа, и покрај тоа што тој имал само диплома за средно образование. Подоцна Је го препорачал Хуа на Универзитетот во Кембриџ.
За време на Втората светска војна и Кинеската граѓанска војна За време на втората кинеско-јапонската војна, Је и неговиот студент Шјонг Даџен префрлиле средства од Универзитетот Цингхуа во Националниот југозападен здружен универзитет. Је требало да го испрати Шјонг на постдипломски студии во Германија, но Шјонг инсистирал да се приклучи на војската во борбата против јапонската инвазија. Следствено, Шјонг се приклучил на комунистичките анти-јапонски области Џиџонг, предводени од генералот Лу Џенгцао. Шјонг предавал за технологијата на бомби и купувал безжични направи преку мрежата на Је, значително решавајќи го недостигот на оружје што го претрпела Армијата на Осмиот пат. Шјонг загинал подоцна во Кинеската граѓанска војна
Је отишол на Националниот југозападен универзитет за да продолжи да предава физика како претседател на одделот за физика на универзитетот. Во 1946 година, тој му препорачал на Ли Џенгдао да студира во странство, во Соединетите Американски Држави, иако Ли сèуште не дипломирал. Ли, подоцна, во 1957 година, ја добил Нобеловата награда за физика.
По основањето на Народна Република Кина Во 1949 година, по завршувањето на Кинеската граѓанска војна, Је се вратил во Пекинг. По три години се преселил да предава на Пекиншкиот универзитет. Је бил избран за член на Кинеската академија на науките во 1955 година. Тој бил и еден од основачите на Кинеското друштво на физичари.
Је побарал од владата да ја разјасни смртта на Шјонг Даџен, најавувајќи ја Културната револуција. За време на Културната револуција, Лу Џенгцао бил прогонуван. Је бил вмешан во случај во кој бил вклучен Шјонг и исто така бил прогонуван. Је страдал од континуирано злоставување, што довело до проблеми со неговото ментално здравје. Во 1969 година, тој бил вратен на Пекиншкиот универзитет, но сè уште бил изолиран како „осомничен агент на Централното биро за истраги и статистика “.
Кога неговиот ученик Чиан Санчианг го сретнал и се обидел да го поздрави, Је го замолил својот ученик да си оди, за да избегне потенцијално вмешување на Чиан. Освен Чиан, Џао Јуанрен, Рен Џигонг, Лин Џиачјао, Даи Џендуо, Чен Нинг Јанг барале да го посетат, но добивале одбивања од владата.
Во 1975 година, неговата изолација била прекината и неговите ученици Чен Даисун, Ву Јоушун, Ванг Џуши и Чиан Веичанг конечно можеле да го посетат. Је починал на 13 јануари 1977 година.
Награди Во 2000 година, Кинеското друштво на физичари воспоставило пет награди, имено наградата Ху Гангфу, наградата Рао Јутаи, наградата Је Чисун, наградата Ву Јошун и наградата Ванг Ганчанг, во знак на признание на пет пионери на модерната физика во Кина. Наградата Је Чисун се доделува на физичари вклучени во физиката на кондензирана материја.
Придонес Је Чисун бил познат кинески физичар и еден од основачите на модерната физика во Кина.
Многу познати научници, како што се Џао Јуанрен, Рен Џигонг, Лин Џиачијао, Даи Џендуо, Џенинг Јанг, Чен Даисуи, Ву Јоушун, Ванг Џуши, Ли Џенгдао, Чиан Санчијанг, Чиен Веи-цанг биле негови ученици. Во 1999 година, кинеската влада им доделила на 23 основачи на кинеската вселенска програма титула „Татковци на две бомби (атомската бомба и хидрогенската бомба) и Една Ѕвезда (вештачки сателит)“. Над половина од нив биле негови ученици; затоа, Је генерално бил нарекуван „мајстор на мајсторите“.
Наводи
Категорија:Апсолвенти на Чикашкиот универзитет Категорија:Професори на Пекиншкиот универзитет Категорија:Членови на Кинеската академија на науките Категорија:Родени во 1898 година Категорија:Починати во 1977 година Категорија:Статии со текст на традиционален кинески Категорија:Статии со текст на упростен кинески Категорија:Статии со текст на кинески