Шаховската олимпијада — меѓународно шаховско натпреварување, кое се одржува под покровителство на ФИДЕ. На натпреварувањето може да учествуваат машки и женски репрезентации од земји кои се членки на ФИДЕ.

Турнирот се одржува на секои две години, а бројот на земји-учеснички не е ограничен. Градот-домаќин се одредува на седница на ФИДЕ. На еден турнир се одвиваат натпреварите во машка и натпреварите во женска конкуренција, а вообичаено се организираат и додатни настани, чија главна цел е популаризација на шахот.

Првата официјална шаховска олимпијада се одржала во 1927 година во Лондон, а сè до 1939 година, натпреварувањето било наречено „турнир на нациите“. Во овој период, турнирот не бил одржуван редовно. Од 1950 година, настанот се одржува на секои две години.

Победничкиот пехар во машка конкуренција е познат и како „Хамилтон-Раселов пехар“ и е посветен на англискиот мецена Фредерик Хамилтон-Расел, а се доделува уште од 1927 година. Во женска конкуренција, победничкиот пехар е наречен „Менчиков пехар“, во чест на првата светска првенка, Вера Менчик.

Досега се одржани 44 шаховски олимпијади, а најмногу победи во обете конкуренции има репрезентацијата на Советскиот Сојуз, 18 во машка и 11 во женска конкуренција.

Историја Почетоци

По Првата светска војна, Британската шаховска федерација организирала годишен настан, кој содржел повеќе помали шаховски турнири во различни категории. Во 1922 година, настанот се одржал во Лондон, а вклучувал и мајсторски турнир. На турнирот победил светскиот првак, Капабланка, за кого ова било прво учество по стекнувањето на титулата, а зад него завршиле Алехин и Рубинштајн.In the beginning..., OlympBase. За време на одржувањето на настанот, рускиот мајстор, Евгениј Зноско-Боровски, кој живеел во Париз, објавил дека Француската шаховска федерација ќе организира тимски шаховски натпревар, кој ќе се одржи во 1924 година во Париз, соодветствувајќи на Летните олимписки игри во истиот град, истата година.

Во пресрет на големиот турнир, бил направен обид, шахот да се вклучи во распоредот на спортови на Летните олимписки игри во 1924, но истиот бил неуспешен поради проблемот со појаснувањето на разликите меѓу аматерските и професионалните шахисти. Така, додека се одржувале Летните олимписки игри во Париз во 1924 година, бил одржан и најавуваниот шаховски турнир, кој бил наречен „Шаховски олимписки игри“. Организацијата на турнирот била успешна, а на последниот ден, 20 јули 1924, претставници од петнаесет земји го потпишале протоколот со кој била основана Светската шаховска федерација, за чијшто прв претседател бил избран Александар Реб.FIDE History , Bill Wall.CHESS OLYMPIADS , Jan van Reek. Според тоа, настанот не бил организиран од ФИДЕ и не се смета за официјална шаховска олимпијада. Освен тоа, истиот е оспорен како тимски натпревар, поради фактот што Ирска, Канада и Кралството СХС учествувале само со по еден шахистChess Olympiad Trivia , Chessville., а уште повеќе поради тоа што шахисти од иста земја играле меѓусебно. Исто така, двајца претставници на Русија биле бегалци, кои живееле во Париз и на турнирот настапиле поединечно. На турнирот, секоја репрезентација играла против секого, а златниот медал го освоила репрезентацијата на Чехословачка, пред Унгарија и Швајцарија.Chess Olympiad: Paris 1924, OlimpBase.

На седницата на ФИДЕ, која во 1926 година се одржала во Будимпешта биле организирани натпревари во повеќе категории, меѓу кои и тимски натпревар. Ова, практично било второто тимско меѓународно шаховско натпреварување, по она во Париз во 1924 година. На турнирот им било дозволено учество само на аматерски шахисти, а бил применет нов систем на организација на тимовите, според кој тие содржеле по четворица шахисти, налик на денешниот состав.Schacholympiaden, ChessGames. Најавено било учество на 6 репрезентации, но по откажувањето на Австрија и Чехословачка, останале само 4, од кои победила репрезентацијата на Унгарија, пред Кралството СХС и Романија, додека Германија останала без медал.Budapest 1926 Chess Summit, OlimpBase. Системот на натпревари бил „секој против секого“. Иако, турнирот бил организиран на седница на ФИДЕ, истиот се смета за неофицијална шаховска олимпијада, а е познат и како „Мала олимпијада“.

Првата официјална шаховска олимпијада

Првата официјална шаховска олимпијада, организирана од страна на ФИДЕ била одржана во 1927 година во Лондон. Натпреварувањето било првото на кое тимскиот турнир бил главниот настан, учеството им било дозволено и на професионалните шахисти, а победничкиот пехар бил именуван во чест на Фредерик Хамилтон-Расел како „Хамилтон-Раселов пехар“. Овие правила воведени на ова натпреварување станале вообичаени одлики на шаховската олимпијада. Во однос на неофицијалната олимпијада, која се одржала во Будимпешта во 1926 година, била воведена и можноста секоја репрезентација да има во составот и шахист за замена, а оваа можност ја искористиле 6 репрезентации, иако трошоците за дополнителниот шахист биле должни да ги покријат шаховските сојузи од земјите-учеснички. На турнирот учествувале 70 натпреварувачи од 16 земји, меѓу кои златниот медал го освоила репрезентацијата на Унгарија, а Геза Мароци станал првиот шахист којшто во своите раце го примил, победничкиот, „Хамилтон-Раселов пехар“.1st Chess Olympiad: London 1927, OlimpBase.

Олимпијадите пред Втората светска војна Вториот обид, шахот да стане олимписки спорт бил направен во 1928 година, кога се одржала втората шаховска олимпијада во Хаг. Шаховската олимпијада соодветствувала на Летните олимписки игри во Амстердам, кои се одржале истата година, а учеството било ограничено само на аматерски шахисти. Сепак, шахот не станал ниту демонстративен спорт на игрите во Амстердам. Во знак на протест на ова ограничувањето на учество само на аматерски шахисти, Обединетото Кралство и Кралството СХС не учествувале на игрите, а контроверзно било учеството на репрезентацијата на САД, која всушност се состоела од професионални шахисти, а на турнирот го освоила второто место. По ова, ФИДЕ повеќе не воведувала ограничувања од овој вид.Schacholympiaden (II), ChessGames. Златниот медал го одбранила репрезентацијата на Унгарија.2nd Chess Olympiad: The Hague 1928, OlimpBase.

Во 1930 година, олимпијадата се одржала во Хамбург, а за првпат на турнирот им било дозволено учество и на аматерски и на професионални шахисти. На турнирот била прекината унгарската доминација, откако репрезентацијата на Полска го освоила златниот медал.3rd Chess Olympiad: Hamburg 1930, OlimpBase. мини|десно|170п|Симбол од шаховската олимпијада во Варшава, одржана во 1935 година На шаховската олимпијада во 1931 година, која се одржала во Прага, за првпат биле воведени редни броеви на шахистите, кои биле во употреба за време на натпреварувањата. Доколку шахистот со повисок реден број во тимот бил заменет, тогаш шахистот со втор реден број станувал прв. На оваа шаховска олимпијада, во конкуренција на 19 репрезентации, златниот медал го освоила репрезентацијата на САД,4th Chess Olympiad: Prague 1931, OlimpBase. која доминирала и на следните три олимпијади: во Фолкстон во 1933, Варшава во 1935 и Стокхолм во 1937 година. Во 1932 година, требало да се одржи шаховска олимпијада во Шпанија, но истата била откажана поради финансиски проблеми.

Во 1936 година, се одржала шаховска олимпијада во Минхен, која соодветствувала на Летните олимписки игри, кои истата година се одржале во Берлин. Настанот бил организиран во Германија, која не била членка на ФИДЕ и не учествувала на претходните три шаховски олимпијади поради својата ариевска политика. Делови од правилникот на Германската шаховска федерација биле антисемитски, поради што ФИДЕ не зела учество во организацијата на настанот и им допуштила на нејзините членки сами да одлучат дали ќе учествуваат или не.The 1936 Munich Chess Olympiad, Едвард Винтер, 2006. Од овие причини, турнирот претставува уште една неофицијална шаховска олимпијада, а златниот медал го освоила репрезентацијата на Унгарија.unofficial Chess Olympiad: Munich 1936, OlimpBase.

Првата шаховска олимпијада надвор од Европа се одржала во Буенос Аирес во 1939 година. На настанот ѝ било дозволено учество на репрезентацијата на Германија и покрај нејзината непријателска политика кон Евреите. На турнирот учествувале 27 репрезентации, па олимпијадата била првата која содржела воведен и главен дел. За време на одржување на турнирот, Германија ја нападнала Полска, поради што репрезентацијата на Англија се повлекла од турнирот, а многу други репрезентации одбиле да играат против Германија, која го освоила златниот медал.8th Chess Olympiad: Buenos Aires 1939, OlimpBase. Како последица на состојбата во Европа, многу еврејски шахисти останале во Аргентина.

Олимпијади по Втората светска војна За време на Втората светска војна, не се одржувале шаховските олимпијади, а првата повоена се одржала во Дубровник во 1950 година. Шантел Шод де Силан од Франција станала првата жена, која учествувала на шаховските олимпијади во машка конкуренција. Златниот медал го освоила репрезентацијата на СФР Југославија, со што станала првата земја-домаќин која го остварила овој успех.9th Chess Olympiad: Dubrovnik 1950, OlimpBase. Од 1950 година, шаховските олимпијади се одржуваат на секои две години.

Своето прво учество, репрезентацијата на Советскиот Сојуз го забележала во 1952 година, кога турнирот се одржал во Хелсинки, кој бил град-домаќин и на Летните олимписки игри истата година. Советските шахисти го освоиле златниот медал, прв во серијата на 12 последователни. мини|десно|180п|Боби Фишер (лево) против Михаил Таљ (десно) на шаховската олимпијада во 1960 година во Лајпциг Во 1954 година, шаховската олимпијада требало да се одржи во Саун Пауло, а трошоците за превоз и сместување на европските репрезентации се обврзала дека ќе ги покрие Аргентина, која западнала во тешки финансиски проблеми. Поради тоа, ФИДЕ била принудена да ја одземе организацијата и истата му ја доделила на градот Амстердам, откако Холандија и претходно била заинтересирана за организација на настанот.11th Chess Olympiad: Amsterdam 1954, OlimpBase.

Тимски натпревар во женска конкуренција немало сè до 1957 година, кога од страна на ФИДЕ била организирана првата женска шаховска олимпијада. На турнирот учество најавиле репрезентации од 22 земји, од кои само репрезентацијата на Чиле не се појавила на турнирот. Златниот медал го освоила репрезентацијата на Советскиот Сојуз, која ја остварила првата од серијата на 11 последователни победи.1st Women's Chess Olympiad: Emmen 1957, OlimpBase.

Во рамките на шаховската олимпијада во 1972 година, која се одржала во Скопје, за првпат женската шаховска олимпијада се одржала заедно со машката. Ова правило било прекршено во 1974 година, а од 1976 година шаховските олимпијади содржат натпревари во обете конкуренции.

На шаховската олимпијада во Хаифа во 1976 година, за првпат била воведена сметачката поддршка,22nd Chess Olympiad: Haifa 1976, OlimpBase. а турнирот бил првиот организиран по швајцарски систем. Сепак, настанот е запаметен по учеството на само 48 од над 90 земји-членки на ФИДЕ и отсуството на источноевропските земји, меѓу кои и Советскиот Сојуз, СФР Југославија и Унгарија. Во такви услови златниот медал го освоила репрезентацијата на САД. Истата година, во Триполи, во знак на протест била организирана Противизраелска олимпијада, на која учествувале репрезентации од 38 земји, а златниот медал го освоила репрезентацијата на Ел Салвадор."Against Chess Olympiad": Tripoli 1976, OlimpBase. мини|лево|240п|Главната турнирска сала за време на Шаховската олимпијада 2008 Во 1978 година, на шаховската олимпијада во Буенос Аирес, за првпат репрезентацијата на Советскиот Сојуз учествувала, но не го освоила златниот медал, откако на конечната табела завршила зад репрезентацијата на Унгарија.23rd Chess Olympiad: Buenos Aires 1978, OlimpBase.