мини|Етиопски аристократ облечен во традиционална наметка, бернос Бернос () — волнена облека слична на наметка и качулка исткаена во едно парче, традиционално ја носат мажи од етничката група Амхара во Етиопија, најчесто во релативно студената Шева. За разлика од нејзиниот магребски пандан, бурнус, која е типично црна и без качулка, има голем врв на едната страна од рамото, обично лево. Врвот бил скроен за да се држи пушката на рамо, така што планинските мажи не морале да ја држат надвор каде што дождовницата би можела да влезе низ цевката и би можела да го оштети огненото оружје. Доналд Н. Левин забележал дека побогатите мажи од Менц „носат бернос, скроена наметка направена од темна волна“. Овие наметки може да бидат во бела, беж, црна боја, а понекогаш се направени од лен ако е премногу жешко за носење волна, под нив се носат туника.

Берносот често го носеле истакнатите и елитни планинци. Денес, просечните граѓани понекогаш го носат на традиционални церемонии и на посебни случувања. Исто така со декоративниот дезен на облеката се означува социјалниот статус.

Надворешни врски Што е бернос Бернос

Категорија:Облека Категорија:Етиопска култура