Липико (множина: мапико) е вид дрвена маска која што потекнува од источна Африка и се користи за церемонијални танци на народот Маконде во Мозамбик и Танзанија. мини|Липико маска од Мозамбик
Опис Мапико е церемонијален танц кој што потекнува од африканскиот народот Маконде од покраината на Кабо Делгадо во северен Мозамбик. Маските Мапико се носат за време на обредите на преминување на обрежани момчиња. Овие дрвени маски се изрезбани најчесто од страна на некои мајстори или занаетчии, направени се од меко дрво и понекогаш содржат и човечка коса. Тие претставуваат човечки глави и може да содржат различни лузни.
Галерија
Наводи
Категорија:Мозамбичка култура Категорија:Традиционални маски