300px|мини|Поглед кон влезот на музејот Музејот Гурусадеј е музеј за народни уметности и занаети кој се наоѓа во Калкута, Индија.

Историја Истакнатиот индиски службеник и фолклорист, Гурусадај Дат, собрал над 3000 артефакти во текот на целата своја кариера, која се протега од 1905 г. до 1941. Најголемиот дел од артефактите се собрани помеѓу 1929 и 1939 година. Дат е познат како, веројатно, еден од најистакнатите пионери во областа на зачувувањето на народната уметност и култура. Значајниот бенгалски историчар Нихар Ранџан Рој еднаш коментирал: „Гурусадај Дат го откри потеклото и текот на народната уметност и култура со увид на експерт јувелир, кој лесно може да идентификува вистински камен“.

По неговата смрт, неговите работи, особено артефактите, биле собрани во имот кој бил ставен под надзор на фонд чии двајца првични доверители биле неговиот зет, мајор (почесен) Басанта Кумар Де менаџер за комерцијален сообраќај (во пензија), од БНР, и Субимал Реј, адвокат, поранешен судија на Врховниот суд на Индија, кој бил правен советник на фондот. Синот на Дат, Бирендрасадај Дат, адвокат, поранешен член на Бурма Шел, исто така бил тесно вклучен во управувањето со овие артефакти. Врз основа на препораките дадени од двајцата членови на фондот и неговиот син, Бенгалското здружение Братачари го основало музејот. Подоцна, овие артефакти биле преместени во новоформираниот музеј изграден во Џока, Калкута. Зградата на музејот била официјално отворена во присуство на тогашниот главен министер на Западен Бенгал, доктор Бидхан Чандра Реј во 1961 г. а галериите биле отворени во присуство на министерот за образование на Индија, професор Хумајун Кабир во 1963 г.

Музејот го администрирала снаата на Дат, Ароти Дат, која била негов долгогодишен претседател. Историчарот, Барун Де, бил семеен кандидат во одборот на музејот неколку години. Музејот е автономно тело, кое е под раководство на Министерството за текстил на Владата на Индија од 1984 год.

Колекции Неговата колекција вклучува археолошки предмети,божества, ракописи, маски, музички инструменти, слики, текстил и дрвенарија.

Моментален статус Во 2017 г. централната влада го прекинала финансирањето на Музејот Гурусадај и оттогаш музејот прибегнал кон групно финансирање за да се одржи. Централната влада предложила сите артефакти присутни во Музејот Гурусадај да се префрлат во Индискиот музеј. Оваа одлука, која можеби била донесена независно од персоналот во Музејот Гурусадај, наишла на широки критики. Од декември 2022 г. музејот е привремено затворен за посетители.

Поврзано Музеи во Индија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Индиски ракотворби Категорија:Музеи во Индија