Каргополска играчка () — обликувана обоена глинена фигура на луѓе и животни. Таа е дел од старите руски народни уметнички ракотворби, и се произведува во и околу градот Каргопол, Архангелска Област, во северна Русија. Изработката на овие играчки започнала во 19 век во областите западно од Каргопол. Грнчарите не биле професионалци, туку биле само селани кои правеле играчки во слободно време. Значаен производител на играчки на почетокот на 20 век бил Иван Дружинин (1887-1949). Занаетчиството речиси исчезнало во 1930-ти години. Во 1950-ти години, само еден уметник, Улјана Бабкина (1889-1977), ги изработувала играчките. На крајот, играчките на Бабкина добиле целоруско признание, биле забележани од Рускиот сојуз на уметници, а занаетчиството било обновено.
Типично се користат светли бои (бела, црвена, жолта, црна), за разлика од старите мајстори, кои користеле обоена глина и произведувале играчки само во неколку резервирани бои.
Каргополските играчки обично претставуваат еден карактер, а многу ретко претставуваат група од два или три карактери. Предниот дел од играчката повеќе се декорира, па затоа играчките се ориентирани кон предниот дел.
Единствениот лик на каргополските играчки е Полкан, кој е комбинација од човек и коњ.
Наводи
Надворешни врски Руски народни занаети: Каргополска играчка
Категорија:Руски пронајдоци Категорија:Руска култура Категорија:Руски ракотворби Категорија:Играчки