Отровната Ајви (), вистинско име — Памела Лилијан Ајсли (англ. Pamela Lillian Isley) — лик од стриповите на издавачот DC Comics и еден од главните непријатели на Бетмен. Таа е создадена од Роберт Канигер и Шелдон Молдоф.
Отровната Ајви е мизантропска научничка од областа на ботаниката и биохемијата. Поседува натприродна контрола над животот на растенијата и е способна да труе со само еден допир; своите моќи ги користи за цели на еколошки тероризам. За извршување на злосторства, таа исто така користи отров од растенија и свои феромони што го контролираат умот. Нејзината активност е обично насочена кон заштита на загрозените видови животни и животната средина од невнимателните дејства на луѓето. Иницијално била суперзлобница, но по The New 52 и обновата на вселената на DC, периодично почнале да ја прикажуваат како антихероина или дури и како позитивна хероина што прави лоши работи за добри цели.
Историја на создавање Ликот го осмислиле уредникот Роберт Канигер и цртачот Шелдон Молдоф. Таа првпат се појавила во 181-то издание на стрипот Batman во јуни 1966 г. Молдоф го зел моделот Бети Пејџ како основа за нејзиниот изглед, давајќи ѝ на Отровната Ајви иста фризура и сличен надворешен изглед.UGO's World of Batman - Gotham Girls: Poison Ivy - BATMAN.UGO.COM. web.archive.org
Творците исто така биле вдахнати од расказот на Натаниел Хоторн „Ќерката на Рапачини“ (1844), чиј заплет следи медицински истражувач по име Џакомо Рапачини што одгледува градина со отровни растенија и ѝ доверува на својата ќерка да се грижи за нив; последователно, таа развива имунитет на отровот од растенијата, но самата станува отровна за другите луѓе.
Во вселената на DC, Отровната Ајви се смета за неверојатно убава и често е претставена во улога на искушувачка и заведувачка. Обично е прикажана со боси нозе, долга брановидна коса и во едноделен зелен костим, украсен со лисја; лози од растенија ѝ се виткаат по целото тело.
Писателот Џ. Т. Крул, кој учествувал во подоцнежното определување на личноста на Отровната Ајви, ја опишува на следниов начин:Она што најмногу ми се допаѓа кај Отровната Ајви е нејзината склоност да оди по тенката линија помеѓу тоа да биде бедем на Мајката Природа и луд екотероризам. Таа се гледа себеси како десна рака на самата Мајка Природа. Ако Мајката Природа би била „Бог“, тогаш Ајви би била нејзиниот „Исус“. Таа ја заштитува беспомошната природа на нашиот свет и навистина верува во својата цел. Нанесувањето повреди на други луѓе, малтретирањето и унакажувањето се екстремни мерки, но тие се ништо во споредба со непростливата суровост што човештвото ја покажува кон природата. Ајви своите дејства ги гледа како чекор кон добро, убедена дека праведно ги казнува оние што навистина го заслужиле тоа.
Критика и одзиви Отровната Ајви го зазема 64-тото место на списокот на 100-те најголеми злобници од стриповите според IGN.
Отровната Ајви го зазела 21-тото место на списокот на 100-те најсекси жени во стриповите според списанието Comics Buyer’s Guide.
Наводи
Надворешни врски
Pamela Isley (Prime Earth)
Категорија:Измислени хибриди __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__