десно|мини|Традиционална банџарска облека составена од канчали (блуза) и фетија (здолниште) Везот Ламбада (вез ламбади, ламбани, вез Сандур Ламбани, вез Банџара, лепо) претставува уметност на украсување облека, практикувана од Банџарите, племе во Сандуру, Белари и Биџапур во Карнатака, и Хајдерабад во Телангана. Везот Ламбада се состои од комбинација од пачворк, апликација, монистра и вез.

Техника Везот Ламбада употребува комбинација од апликации, вклучувајќи и други украси. Племенските жени користат монети, школки, копчиња, школки од полжави и мали парчиња огледала за да ги украсат своите шарени костими, кои вклучуваат фетија поточно здолниште и канчали или блуза. Мотивите се воглавно геометриски, со мрежести шари.

Признавање десно|мини|Банџарски жени во традиционална облека Везот Сандур Ламбани добил географска ознака во Индија во 2010 година.

Употреба Освен кај костимите, оваа уметничка форма се користи кај различни производи како што се навлаки за перници, прекривки за кревет, ѕидни завеси и друга облека, како и додатоци како чанти, ленти за глава, ремени итн.

Наводи

Категорија:Везење Категорија:Индиски ракотворби