мини|Јеменски маж носи кефија во стилот на турбан и јеменски шал на рамото Кефија, е регионално позната како хата, гутра, или шемаг и е традиционален украс за глава што го носат мажите од делови на Средниот Исток. Изработена е од квадратен шал и обично е направена од памук. Кефијата најчесто се користи во сушните региони, бидејќи штити од изгореници од сонце, како и од прашина и песок. Арапите често користат врвка за глава, агал, за да ја држат кефијата на место.
Кефија Зборот Кефија се појавил на арапски јазик по крстоносните војни, и веројатно ја дели европската етимологија со англискиот „coif“.Brill, E. J. (1993). E.J. Brill's First Encyclopaedia of Islam: 1913-1936. Ṭāʻif - Zūrkhāna. BRILL. ISBN 978-90-04-09794-0. Некои пак тврдат дека е индиректно поврзан со , што значи „манжетна“.Категорија:CS1 Arabic-language sources (ar)
Муртада ал-Забиди смета дека keffiyeh што на значи пештера, а тоа е така поради заоблената форма на шамијата. Народната етимологија го поврзува со градот Куфа, Ирак.
Гутра Зборот гутра доаѓа од арапскиот кзбор ghatr () што значи „да се покрие“. Најраните слики од Арапите секогаш ги прикажуваат како тие носат турбани и затоа не е јасно кога Кефијато станало прифатливо за горните класи. Пишаните извештаи за гутрата датираат од почетокот на 18 век, а најраната позната слика е од 19 век (Абдула бин Сауд Ал Сауд, која е направена пред неговото погубување во 1819 година).
Потекло Покривките за глава почнале да ги носат бедуините и служеле за заштита од сонцето.
Сорти и варијации мини|Човек облечен во бела гутра со црн агал Арапите, Курдите и Езидите од Блискиот Исток го носат овој украс за глава. Според Анастас ал-Кармали, Јоханес Котовикус еврејска кефија постоела од 16 век. Историски гледано, по контактот со Арапите, некои Курди го напуштиле својот традиционален турбан во корист на кефија и агал. Ирачките Туркмени го носат и го нарекуваат Џамадани, додека Оманците го нарекуваат мусар. Без разлика на неговото име, достапен е во повеќе бои и стилови со многу различни методи на врзување, во зависност од регионалното потекло и природата на пригодата. Оманците не го користат агалот, туку го врзуваат преку главата за формални пригоди. мини|Езиди мажи кои носат кефии За време на неговиот престој кај мочуришните Арапи во Ирак, Гевин Јанг забележал дека локалните сајиди - „почитувани мажи кои биле прифатени [...] како потомци на пророкот Мухамед и Али ибн Ебу - Талиб“ - носеле темнозелена кефија за разлика од црно-белите карирани модели кои биле типични за жителите на областа.
Друг вид Кефија е шемаг, црвено-бела марама, која била карирана и со ресни. Колку се поголеми ресите, толку била поважна личноста. Оваа црвено-бела Кефија се поврзува со Јордан, а воедно е и негов национален симбол. Шемаг се носи претежно во Јордан и од страна на бедуинските заедници. Се изработува од памук. Јорданската шемаг и палестинската Кефија се разликуваат во однос на бојата и географските значења.
Наводи
Категорија:Покривки за главата Категорија:Арапска култура