Лијерицата е музички инструмент од хрватскиот регион Далмација и хрватските делови на источна Херцеговина. Тоа е инструмент во облик на круша, со три жици, кој се свири со гудало. Се свири како придружба на традиционалниот танц линѓо од конкретниот регион. Името на лијерицата доаѓа од лира (грчки: λύρα), гудачкиот инструмент на Византиската империја, од која веројатно еволуирала.

Иако лијерицата најчесто се поврзува со традиционалната народна музика, таа сè уште се среќава во модерната музика од регионот. Еден уметник кој е познат по употребата на овој инструмент е Мате Булиќ.

Потекло лево|мини|197x197пкс|Свирач на Лијерица во Дубровник Лијерицата е тесно поврзана со гудачкиот музички инструмент лира кој се користел во Византиската империја, а е предок на повеќе европски гудачки инструменти и еквивалент на рабабот што се користел во исламските империи од тоа време. Персискиот географ Ибн Хурададбих (кој починал 911 година) од 9-ти век, во својата лексикографска дискусија за инструментите, ја навел лирата како типичен инструмент на Византијците заедно со ургунот (оргули), шиљани (веројатно вид харфа или лира) и саландџ. Византиската лира се проширила низ Европа кон запад; во 11-ти и 12-ти век европските писатели ги користат термините виолина и лира наизменично кога се однесуваат на гудачки инструменти. Во текот на вековите што следеле, Европа продолжила да има два различни вида гудачки инструменти: едниот, релативно квадратен, кој се држел во рацете, станал познат како лира да брачо (виола на рака); Другиот, со наклонети рамена и држен меѓу колената, бил лира да гамба (виола со нога). За време на ренесансата, гамбите биле важни и елегантни инструменти; на крајот тие го изгубиле местото од погласното (и првично помалку аристократско) семејство лира да брачо.

Наводи

Надворешни врски

Лирица – традицијско глазбало хрватскога Јадрана Херцеговачки етно окрет Лијерица Категорија:Рани музички инструменти Категорија:Гудачки инструменти Категорија:Статии со текст на украински Категорија:Статии со текст на руски Категорија:Статии со текст на бугарски