Пауло Роберто Фалкао (роден на 16 октомври 1953 година, во Абелардо Луж) — бразилски поранешен фудбалер и фудбалски тренер, играч од средниот ред.

Сметан за еден од најдобрите играчи од средниот ред во историјата на фудбалот, тој го зазема 31-вото место на специјалното рангирање на најдобрите јужноамерикански фудбалери на 20-тиот век објавено од IFFHS. Во март 2004 година, Пеле го вклучил и во ФИФА 100, листата на 125 најдобри живи фудбалери, составена по повод стогодишнината на ФИФА. Во 2012 година бил примен во Куќата на славните на Рома, а во 2017 во Куќата на славните на италијанскиот фудбал.

Биографија Фалкао е роден на 16 октомври 1953 година во Абелардо Луж, локалитет кој во тоа време бил дел од округот на општината Шаншере, во државата Санта КатаринаАбелардо Луж станал општина во 1958 година од мајка со калабриско потекло и татко португалец.

Тој бил во брак со адвокатката Розане Дамацио, со која го добил синот Паулињо, за кој подоцна се расправал кога жената го обвинила својот партнер за брачна неверност; подоцна имал врска со италијанката Марија Флавија Фронтони, со која добил уште еден син, Џузепе, кого го признал по судски спор.

Во својата автобиографија „Филозофијата на Моана“, порно ѕвездата Моана Поци раскажува за флертувањето со Фалкао.I voti di Moana «Tardelli da 8 Falcao da 5», Gazzetta dello sport, 10 октомври 2006, p. 6.

Од 2003 година е во брак со новинарката Кристина Ранзолин, презентер на „Jornal do Almoço“, која се емитува на ТВ каналот, RBS TV. Фалкао моментално живее во Порто Алегре.

Технички карактеристики Елегантен централен играч од средниот ред, кој главно играл како плејмејкер, но бил способен да извршува широк спектар на задачи, учествувајќи подеднакво и во дефанзивната и во офанзивната фаза. Неговите соиграчи од Рома, Франческо Грацијани и Роберто Пруцо го опишувале како „универзален играч“ и „тренер на теренот“ поради неговите технички и карактерни вештини.

Клупска кариера Интернасионал thumb|240px|left|Фалкао (најдесно горе) со тимот на Интернасионал кој го освоил бразилското првенство во 1975 Својата професионална кариера ја започнал во неговата татковина во Интернасионал.Giuseppe Galati, Paulo Roberto Falcão - L'ottavo Re di Roma , Rai International Тој играл таму шест сезони, освојувајќи го бразилското првенство три пати – титула што Интернасионал никогаш претходно не ја освоил – и стигајќи до финалето на Копа Либертадорес 1980, каде загубиле од Насионал. Во шестте години поминати во клубот, Фалкао постигнал 22 првенствени гола за Интернасионал.

Денес, Фалкао сè уште се смета за еден од најдобрите играчи во историјата на клубот; додека играл во тимот од Порто Алегре, тој двапати бил награден со „Бола де Оуро“ (Златна топка), престижна награда што ја доделува бразилското списание Placar на најдобриот играч во бразилското првенство.

Рома На 10 август 1980 година, тој бил купен од Рома за сума од еден и пол милион долари,L'ottavo re di Roma , Corriere dello sport, 23 август 2010 и неговото доведување првично било проследено со скептицизам, бидејќи навивачите на „џалоросите“ чекале во Рим да слета неговиот сонародник Зико. Околу 5000 навивачи на Рома го пречекале, кога неговиот авион слетал на аеродромот Фјумичино. За да го продаде Фалкао, Интернасионал побарал исплата со многу строг рок што римскиот клуб веројатно не можел да си го дозволи. Така, тогашниот претседател на Рома, Виола, го контактирал Васко Фаролфи (историски претседател на Монтеварки), кој ја авансирал целата сума што ја побарале Бразилците: во замена (и како знак на благодарност), покрај преостанатиот износ, првиот пријателски натпревар што Рома го одиграла таа година бил против Монтеварки.

thumb|right|250px|Фалкао играјќи за во натпревар против во Серија А 1980-1981. Своето деби во дресот на Рома го имал против неговиот поранешен тим, Интернасионал, во пријателски натпревар одигран на 29 август 1980 година, кој завршил со резултат 2-2. Неколку недели подоцна, тој го имал своето деби во Серија А, на 14 септември 1980 година, против , натпревар кој Рома го добила со 1-0, но Фалкао бил неубедлив по што бил критикуван, иако наскоро неговата форма расте и заработил доверба и восхит. На крајот од неговата прва година со „џалоросите“, тој го завршил првенството со три гола, додека тимот бил блиску до освојување на скудетото, кое му припаднало на , но го освоил Купот на Италија, постигнувајќи го решавачкиот пенал во финалето добиено по изведување на пенали против со 4-2. Следната сезона тој одиграл дваесет и четири натпревари и постигнал шест гола. За време на престојот во главниот град на Италија, претседателот на клубот Дино Виола се потпирал на него за да добие технички извештаи од натпреварите на тимот.

Во сезоната 1982-1983, тој го освои своето прво италијанско првенство со Рома, второто во историјата на клубот, а за него придонел со 27 натпревари и седум постигнати гола во лигата. Постигнал два гола и во Купот на УЕФА, еден против Келн и еден против , како и еден гол во осминафиналето на Купот на Италија. Неговиот настап против бил запаметен како еден од најдобрите во дресот на Рома, бидејќи го комбинирал решавачкиот гол со фантастичен настап, преземајќи ја улогата на лидер на тимот. Бил наречен Divino (превод на мак. „божествен“) од навивачитеPaolo Manzo, La storia di Falcao, l'ottavo re di Roma ora sogna una panchina , La Stampa, 23 јануари 2011 или дури „осмиот крал на Рим“.

По уште една сезона, со дваесет и седум настапи и пет гола, и титула во Купот на Италија, Рома стигнала до финалето на Европскиот куп 1983-1984, каде на Олимпико, загубиле на пенали од Ливерпул. Фалкао, кој не бил во оптимална физичка состојба, одбил да изведе пенал и потоа бил жестоко критикуван. Самиот играч, во специјалната емисија „Прашај кој беше Фалкао“, навел дека дури и да бил во позиција да изведе пенал, тој би бил петтиот изведувач од 11 метри, удар до кој никогаш не дошло бидејќи на Ливерпул му биле потребни само четири пенали за да го освои трофејот. Понатаму, во 1985 година тој претрпел сериозна повреда, поради што бил опериран во Њујорк, а на 1 август истата година, тој ја напуштил Рома по раскинување на договорот.

Тој го одиграл својот последен натпревар на 16 декември 1984 година против , каде што го постигнал и решавачкиот гол. Причините за „разводот“ со „џалоросите“ се должеле на несогласувањата со тогашниот претседател Дино Виола, во врска со финансиските услови во договорот; во претходната сезона платата на Фалкао била највисока во италијанската лига, над милијарда лири годишно. Понатаму, играчот одбил да се подложи на лекарски преглед од страна на клубот, а оваа ситуација, исто така, придонела за дополнително поткопување на односите меѓу двете страни. На 20 септември 2012 година, тој бил меѓу првите 11 играчи кои биле примени во официјалната „Куќа на славните“ на Рома.

Саун Пауло На 20 август 1985 година, се вратил во својата татковина облекувајќи го дресот на Саун Пауло. По една година играње за оваа бразилска екипа, во која имал само десет настапи, и покрај тоа што го освоил првенството, тој дефинитивно ја завршил својата играчка кариера после Светското првенство 1986, на возраст од 32 години.

Репрезентативна кариера Тој го добил својот прв повик во Бразилската олимписка репрезентација за Летните олимписки игри 1972 во Минхен: несреќна авантура завршена за „кариоките“ со нерешено и два пораза и рана елиминација. Започнал како резерва во првиот натпревар против (влегол во второто полувреме) и како стартер против и . Во 1978 година, тој не бил повикуван во репрезентацијата предводена од Клаудио Коутињо, затоа што изјавил дека не сака да биде резерва.

По настапот на Копа Америка 1979, Фалкао учествувал и на Светското првенство 1982, негово прво. Заедно со соиграчите Тонињо Серезо, Лео Жуниор, Зико, Едер и Сократес, тој сочинувал среден ред со ненадминливо техничко ниво. На ова издание, играно во Шпанија, тој настапил пет пати, постигнувајќи три гола, последниот против , носејќи им на бразилците второ израмнување во натпреварот, кој на крајот сепак бил загубен со 3-2 по хет-трикот на Паоло Роси.

Четири години подоцна учествуваше на Светското првенство 1986. Играјќи главно како резерва, тој излегол на теренот само двапати, или вкупно 91 минута. Во првиот натпревар против Шпанија (победа со 1-0), тој влегол во игра во 79-тата минута на местото на Жуниор, додека во вториот натпревар против Алжир (исто така победа со 1-0) го заменил Леандро во 10-тата минута од првото полувреме. Потоа, Бразил ја продолжил со својата серија за уште три натпревари, пред конечно да бидат елиминирани од Франција на пенали во четвртфиналето.articolo Brasile-Francia Messico 1986: il tramonto dei giganti di Luca Sisto, sul sito Footballandlife.it

Хронологија на репрезентативните настапи

Статистика Клупска статистика Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол1971 ИнтернасионалА00---------001972А00---------001973А340---------3401974А212---------2121975А191---------1911976А155---------1551977А90---------901978А275---------2751979А205---------2051980А123---------123Вкупно Интернасионал15721---------15721 1980-1981 А 25 3 КИ 5 0 КПК 2 1 ТК 0 0 32 4 1981-1982 А 24 6 КИ 2 0 КПК 4 0 - - - 30 6 1982-1983 А 27 7 КИ 4 1 КУ 8 2 - - - 39 10 1983-1984 А 27 5 КИ 8 0 ЛШ 8 1 - - - 43 6 1984-1985 А 4 1 КИ 3 0 КПК 1 0 - - - 8 1Вкупно Рома 107 22 22 1 23 4 - - - 152 271985 Саун ПаулоА00---------001986А100---------100Вкупно Саун Пауло100---------100Вкупно во кариерата2744322123431948

Репрезентативна статистика РепрезентацијаГодинаНастапиГолови Бразил197651197740197800197951198000198100198274198300198400198500198670Вкупно286

Титули Клупски Интернасионал thumb|right|Фалкао го држи трофејот освоен во Бразилското првенство во 1979 година Бразилско првенство : 3 1975, 1976, 1979 Кампеонато Гаучо : 5 1973, 1974, 1975, 1976, 1979

Рома Серија А : 1 1982-1983 Куп на Италија : 2 1980-1981, 1983-1984

Саун Пауло Кампеонато Паулиста : 1 1986

Индивидуални Бола де Прата: 1975, 1978, 1979 Бола де Оуро: 1978, 1979 Јужноамерикански фудбалер на годината: Бронзена топка 1979, Сребена топка 1982 Светско првенство во фудбал - Сребрена топка: 1982 Ол-стар тим на Светско првенство во фудбал: 1982 FIFA XI: 1982 Onze d'Or: 1982, 1983 World XI: 1982, 1983 Guerin Sportivo Ол-стар тим: 1982, 1983 Тим на годината во Серија А: 1982, 1983, 1984 Светски играч на годината според „Guerin Sportivo“: 1983 100 најдобри фудбалери на сите времиња според World Soccer: 1999World Soccer: The 100 Greatest Footballers of All Time. Retrieved 17 December 2015 ФИФА 100: 2004 Куќа на славните на ФК Рома: 2012 Куќа на славните на италијанскиот фудбал: 2016 Куќа на славните на бразлискиот фудбал Златно стапало: 2019, како фудбалска легенда

Наводи

Надворешни врски

Пауло Роберто Фалкао на transfermarkt Пауло Роберто Фалкао на worldfootball

Категорија:Бразилски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Интернасионал Категорија:Фудбалери на ФК Рома Категорија:Фудбалери на ФК Саун Пауло Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1953 година