„Калеидоскоп“ — збирка од 181 хаику песна на македонската поетеса Искра Донева од 2015 година, објавена како самостојно издание на авторката.
Содржина Збирката се состои од седум циклуси:Искра Донева, Калеидоскоп. Скопје, 2015. Лазарополски хаикуа II Калеидоскоп Беровски хаикуа Кичевски хаикуа Катлановски хаикуа (Марков) Манастирски хаикуа Морски хаикуа
Технички податоци Делото, со обем од 52 страници, е испечатено во печатницата „РИ-Графика“ во Скопје. Графичката обработка е дело на Лиле Шијак, а Ѓоко Здравески ја извршил лектурата. Книгата е каталогизирана во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-65559-4-8.Искра Донева, Калеидоскоп. Скопје, 2015, стр. 52.
За делото Во освртот кон делото, Ѓоко Здравески ја искажува радоста од читањето на поезијата на Донева (за која вели дека е родена мудра и создадена за хаику) која ја нарекува „најчистата поезија што некогаш сум ја читал. Речиси детска.“.Ѓоко Здравески, „Хаику-Принцеза“, во: Искра Донева, Калеидоскоп. Скопје, 2015, стр. 48-50.
Наводи
Категорија:Дела на Искра Донева Категорија:Македонски стихозбирки Категорија:Книги од 2015 година Категорија:Појавено во 2015 година во Македонија Категорија:Македонски дела од 2015 година Категорија:Хаику