Наставка -оним (од ) — сврзана морфема, која се прикачува на крајот од коренскиот збор, со што се образува нова сложенка што означува одредена класа на имиња. Во лингвистичката терминологија, сложенките што се образуваат со наставка -оним најчесто се користат како ознаки за различни ономастички класи. Повеќето ономастички поими што се образуваат со наставка -оним се новокласични сложенки, чии корени на зборови се земени од класичните јазици (грчки и латински).
На пример, ономастичките поими како топоним и лингвоним се типични класични (или новокласични) сложенки, образувани од наставката -оним и класични (грчки и латински) коренски зборови ( / место; / јазик). Во некои сложенки, морфемата -оним е изменета со замена (или отстранување) на „o“. Во сложенките како ананим и метаним, точните облици (аноним и метоним) биле зафатени со други значења. Други примери од крајот на 20 век, како што се хиперним и карактерним, се типично редундантни неологизми, за кои постојат потрадиционални зборови образувани со целосниот -оним (хипероним и карактоним).
Македонскиот суфикс -оним доаѓа од старогрчкиот суфикс (ōnymon), среден род од наставката (ōnymos), со одреден вид име, од грчкиот збор (ónoma), ејолски грчки ὄνυμα (ónyma), „име“.
Наставката се среќава во многу современи јазици со различен правопис. Примери за тоа се: холандски synoniem, германски Synonym, португалски sinónimo, руски синоним, полски synonim, фински synonyymi, индонезиски sinonim, чешки synonymum.
Според една студија од 1988 година за зборови што завршуваат на -оним, постојат четири препознатливи класи на -оним зборови: (1) историски, класични или, поради недостаток на подобри поими, природно присутни или вообичаени зборови; (2) научна терминологија, што се јавува особено во лингвистиката, ономастиката итн.; (3) јазични игри; и (4) оказионилизми. Познато е дека постарите поими добиваат нови, понекогаш противречни значења (на пр., епоним и криптоним). Во многу случаи, два или повеќе зборови ја опишуваат истата појава, но не се забележува никаков приоритет (на пр., некроним и пентоним). Понекогаш се создаваат нови зборови, чие значење ги удвојува постојните поими. Понекогаш, нови зборови се образуваат без да се земат предвид историските начела.
Наводи
Надворешни врски Words That End In nym : Words That End With nym Nym Words Onyms
Категорија:Семантика Категорија:Наставки Категорија:Наставки од грчко потекло