Станисава Јовановиќ ( во близу Беране — ) — учесник во НОВ на Македонија и носител на Партизанска споменица од 1941 година.
Животопис Пред војната учествувала во напредното работничко движење. Со почетокот на вооруженото востание, од неговиот прв ден била активен учесник во заднината на НОД. Од првата половина на 1942 година била кандидат за членство Партија, а во јуни 1943 била веќе избрана за член на КПЈ. Му припаѓaлa на Метохискиот позадински одред. Работела со жени, а во 1942 година била член на првиот Одбор на жени во Пеќ. лево|мини|Станисава Јовановиќ е носител на Партизанска споменица 1941. Во нејзиниот дом, во 1942 година во специјалната скривница била сместена партиската техника на Месниот Комитет на КПЈ-Пеќ, и учествувала во нејзината работа. Во мај 1942 година била уапсена, оставајќи ги незгрижени своите две малолетни деца. На 21 јуни 1942 година од затворот во Пеќ била интернирана во логорот Преза, потоа во Пук и Бурел, Албанија. За цело време била комесар на женската барака. Во септември 1943 година, по бегството од логорот дошла на слободната територија во 3ападна Македонија и на 11 ноември 1943 година станала борец во Првата македонско-косовска ударна бригада. Се истакнала како санитески референт во Бригадата, во извлекувањето и пружањето помош на ранетите борци и во обучуgањето на жените-борци во саниетската служба. Носител е на Партизанска споменица 1941, и повеќе други одликувања.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ Категорија:Носители на Партизанска споменица од 1941