Јерген Странд Ларсен (роден на 6 февруари 2000 година, во Халден) — норвешки фудбалер, на и на норвешката репрезентација.
Технички карактеристики Физички силен централен напаѓач, идеален за во шеснаесетникот каде е многу опасен, пред се, во играта со глава.
Во 2017 година, тој бил вклучен во листата на 60-те најдобри таленти на неговата генерација, составена од The Guardian.
Клупска кариера Рана кариера
Странд Ларсен ја започна својата кариера како младинец на екипата на Квик Халден пред да се приклучи на Сарпсборг 08. Во тоа време тој играл и други спортови, вклучувајќи тенис, хокеј на мраз и голф. На 26 април, тој го имал своето деби за првиот тим во натпревар од Купот на Норвешка, каде што постигнал хет-трик во победата од 10–1 против Дробак-Фрогн. Своето деби во првенството го направил на 21 мај 2017 година, влегувајќи како замена против Волеренга. Наскоро, тој бил позајмен на Милан Примавера и ја поминал целата сезона 2017–2018 играјќи во младинските натпреварувања на Италија. Сепак, Милан одлучиле да не го откупат трајно играчот, по што тој се вратил во Сарпсборг во јули 2018 година. Таму играл уште околу две години, забележувајќи вкупно 59 настапи и 10 гола за клубот во сите натпреварувања.
На 9 септември 2020 година, Странд Ларсен потпишал четиригодишен договор со холандскиот клуб, Гронинген. Дебитирал како стартер во поразот со 3–1 од ПСВ Ајндховен во Ередивиси, во кој забележал асистенција. Првата сезона ја завршил 32 настапи и 9 гола. Следната сезона, тој бил избран во тимот на месецот во Ередивиси за ноември 2021 година. Откако бил најдобар стрелец на тимот со 14 првенствени гола во 32 настапи, тој бил прогласен за Играч на годината на Гронинген во мај 2022 година.
И покрај тоа што и сезоната 2022-2023 ја започнал со Гронинген, Странд Ларсен го напуштил клубот кон крајот на летото.
Селта Во август 2022 година, тој преминал во шпанскиот клуб Селта Виго во трансфер вреден 11 милиони евра. На 2 септември, тој дал асистенција на своето деби во Ла Лига, во победата од 3–0 над Кадис. Тој го постигнал својот прв гол во натпреварувањето на 13 јануари 2023 година, во 68-мата минута од ремито 1–1 против Виљареал. Во сезоната 2023–2024, тој бил најдобар стрелец на својот клуб во првенството со 13 гола. За време на неговиот престој во Селта, тој бил познат како Xurxo, галициска форма на неговото име.
Вулверхемптон Вондерерс На 2 јули 2024 година, Странд Ларсен му се приклучил на Вулверхемптон Вондерерс, на позајмица со опција за откуп од 30 милиони евра. Дебитирал во Премиер лигата на Англија на 17 август 2024, во поразот со 2-0 од на Емирати. Осум дена подоцна, во својот втор натпревар во Премиер лигата, тој го постигнал својот прв гол за Вулверхемптон во поразот со 2–6 од Челси. Својата најдобра форма во првата сезона со „волците“ ја достигнал во периодот март/април 2025 година, кога влегол во серија на постигнување голови забележувајќи 5 гола во 4 послдователни натпревари, што му донело и номинација за Играч на месецот. Сезоната ја завршил како втор најдобар стрелец на клубот со 14 постигнати гола, веднаш зад Матеуш Куња, кој постигнал еден повеќе.
На 1 јули 2025 година, Странд Ларсен потпишал траен договор со Вулверхемптон до 2029 година, откако била искористена опцијата за право на откуп во неговиот договор. Во текот на летото, клубот отфрлил две понуди за Странд Ларсен од Њукасл Јунајтед, при што се верува дека втората била вредна 55 милиони фунти. На 19 септември 2025 година, по одбивањето на повеќекратни понуди за трансфер за време на летниот преоден рок, Странд Ларсен потпишал нов петгодишен договор со Вулверхемптон, со опција за продолжување на уште една година. На 10 јануари 2026, тој го постигнал својот прв хет-трик во кариерата во победата со 6-1 над Шрузбери Таун во ФА купот.
Кристал Палас На 2 февруари 2026, Странд Ларсен потпишал за Кристал Палас во трансфер вреден 48 милиони фунти, станувајќи најскапото засилување во историјата на лондонскиот клуб.
На 8 февруари, Странд Ларсен го имал своето деби со Кристал Палас, играјќи го целиот натпревар во победата со 1–0 над . Три дена подоцна, тој постигнал два гола против Барнли во поразот на домашен терен со 2-3.
Репрезентативна кариера Странд Ларсен ја претставувал Норвешка во бројни младински селекции: под 16, под 17, под 18, под 19 и под 21 година. Во последната, тој го имал своето деби на 6 септември 2019 година, заменувајќи го Кристијан Торствет во победата од 2-1 над Кипар. Првиот негов гол за У21 репрезентацијата дошол на 19 ноември, во поразот со 2-3 од Португалија.
На 18 ноември 2020 година, дебитирал за сениорската репрезентација, влегувајќи како доцна замена во натпреварот против во Лигата на нации завршен со резултат 1-1. Својот прв гол за репрезентацијата го постигнал 7 септември 2023 година, во победата со 6-0 над во пријателски натпревар одигран во Осло. На 16 ноември 2025 година, тој постигнал гол во судиското продолжение од победата со 4–1 над за време на натпреварот од квалификациите за Светското првенство 2026, нанесувајќи им го на домаќините најтешкиот пораз на домашен терен од 1983 година и обезбедувајќи ѝ место на својата нација на Мундијалот 2026.
Хронологија на репрезентативните настапи
Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 23 декември 2025. Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол јул.-дек. 2018 Сарпсборг 08 Е 9 0 КН 3 3 ЛЕ 62 (0) во квалификациските кола. 0 - - - 18 3 2019 Е 23 4 КН 3 1 - - - - - - 26 5 јан.-сеп. 2020 Е 16 2 КН - - - - - - - - 16 2 Вкупно Сарпсборг 08 48 6 6 4 6 0 - - 60 10 сеп. 2020-2021 Гронинген Е 31 9 КХ 1 0 - - - - - - 32 9 2021-2022 Е 32 14 КХ 3 3 - - - - - - 35 17 авг. 2022 Е 4 1 КХ 0 0 - - - - - - 4 1 Вкупно Гронинген 67 24 4 3 - - - - 71 27 2022-2023 ПД 32 4 КШ 3 1 - - - - - - 35 5 2023-2024 ПД 37 13 КШ 2 0 - - - - - - 39 13Вкупно Селта Виго 69 17 5 1 - - - - 74 18 2024-2025 ПЛ 35 14 ФАКуп+ЛК 2+1 0+0 - - - - - - 38 14 2025-јан. 2026 ПЛ 22 1 ФАКуп+ЛК 1+3 3+2 - - - - - - 26 6Вкупно Вулверхемтон 57 15 7 5 - - - - 64 20 јан. - јун. 2026 ПЛ 2 2 ФАКуп+ЛК 0+0 0+0 ЛК 0 0 - - - 2 2Вкупно во кариерата 243 64 22 13 6 0 - - 271 77
Репрезентативна статистика РепрезентацијаГодинаНастапиГолови Норвешка202010202230202373202480202551Вкупно244
Хет-трикови Хет-триковиДатаМестоЕкипаПротивникГоловиРезултатНатпреварувањеИзвештај1 10/01/2026 Молинју, Вулверхемптон 12px|Гол 12px|Гол 12px|Гол 6 - 1 ФА куп 2025-2026 Извештај
Наводи
Надворешни врски
Јерген Странд Ларсен на fbref Јерген Странд Ларсен на transfermarkt Јерген Странд Ларсен на espn Јерген Странд Ларсен на whoscored
Категорија:Норвешки фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Гронинген Категорија:Фудбалери на ФК Селта Виго Категорија:Фудбалери на ФК Вулверхемптон Вондерерс Категорија:Фудбалери на ФК Кристал Палас Категорија:Луѓе од Халден Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026