Дитмар Јохан Волфганг Хаман (р. 27 август 1973, во Валдзасен) — германски фудбалски тренер и поранешен фудбалер, играч од средниот ред.

Биографија Хаман е роден во Валдзасен, тогашна Западна Германија. Неговиот постар брат Матијас Хаман, исто така, е поранешен фудбалер.

Тој бил во брак со Тина со која имаат две керќи Кјара и Луна. Двојката се развела во 2008 година, по што неговата поранешна сопруга заминала со девојчињата за Германија оставајќи го сам во Англија (каде што тој сеуште играл за Манчестер Сити), период кој самиот Хаман го опишал како најтешкиот во неговиот живот и во кој страдал од лоши навики како алкохолот и коцкањето."Ex-footballer Dietmar Hamann reveals gambling problem", BBC News, 6 February 2012

Во февруари 2012 година, тој ја издал својата автобиографија „The Didi Man: My Love Affair with Liverpool“ (превод на мак. „Човекот Диди: Мојата љубовна врска со Ливерпул“).

Технички карактеристики Тактички дисциплиниран играч од средниот ред, чија омилена позиција била „мецала“, но играл и на други позиции како дефанзивен играч од средниот ред, но во раните години и како десно крило. Поседувал силен и прецизен удар од далечина, постигнувајќи во текот на својата кариера многу такви прекрасни голови, вклучително и некој со волеј-удар.

Клупска кариера Бајерн Минхен Хаман ја започнал својата кариера во малку познатиот клуб Вакер Минхен, од каде во 1989 година му се приклучил на Бајерн Минхен на 16-годишна возраст. Во 1993 година, дебитирал за првиот тим на Бајерн предводен од Лотар Матеус, Томас Хелмер, Кристијан Циге и Оливер Кан, забележувајќи 5 настапи во својата прва сезона, играјќи главно како десно крило. И покрај скромниот придонес, тој можел да се пофали со освојувањето на својот прв трофеј на крајот од сезоната, кога Бајерн триумфирале во Бундеслигата, со само еден бод пред .

Следната сезона, повредите на некои играчи од средниот ред му овозможиле на Хаман да стане стартер; тој одиграл 30 натпревари, како десен бек и дефанзивен играч од средниот ред. Исто така, дебитирал во Лигата на шампионите, во натпреварот загубен со 2-0 на гости од , во кој го заменил Мехмет Шол во 50-тата минута. Во сезоната 1995-1996, под водството на новиот тренер Ото Рехагел, Хаман се нашол во сенка на новите засилувања во средниот ред Андреас Херцог, Томас Штрунц и Чириако Сфорца. Сепак, и покрај тоа, тој успеал да запише 20 натпревари и обезбеди одредена стабилност во средната линија на баварците. Освојувањето на второто место во првенството на ги задоволило апетите на клубот, па Рехагел бил отпуштен, а Бајерн ја спасиле разочарувачката сезона со тримуфот во Купот на УЕФА, каде биле подобри од Бордо со вкупен резултат 5-1, но Хаман играл само во првиот натпревар.

Во сезоната 1996-1997, Хаман го направил својот пробив; новиот тренер Џовани Трапатони го направил стартер на позицијата дефанзивен играч од средниот ред, а новодојдениот играч Марио Баслер ја презел улогата на десно крило. Хаман одиграл 23 натпревари, а исто така, го имал и своето деби во германската репрезентација и го освоил своето второ германско првенство со Бајерн. Во приватниот живот, тој морал да преброди еден застрашувачки период кога се онесвестил и му бил дијагностициран мозочен удар, но целосно се опоравил од тоа. Сезоната 1997-1998, неговата последна со Бајерн, завршила разочарувачки, откако тимот заостанувал зад новопромовираниот Кајзерслаутерн во поголемиот дел од сезоната и завршил втор. Хаман бил неоспорен стартер, одиграл 28 натпревари и постигнал два гола. Сепак, својот престој во Баварија го завршил победнички, со освојувањето на својот прв во кариерата Куп на Германија, по победата над Дуизбург.

Њукасл Јунајтед thumb|Хаман (лево) и соиграчот Нолберто Солано (десно) се подготвуваат да изведат слободен удар за Њукасл Јунајтед во финалето на ФА купот 1999 против Манчестер Јунајтед. Во летото 1998 година, Хаман потпишал за Њукасл Јунајтед, воден од Кени Далглиш, кои му платиле на Бајерн Минхен 5.5 милиони фунти за неговите услуги. Дебитирал во Премиер лигата на Англија на 15 август 1998, играјќи го целиот натпревар против Чарлтон Атлетик, завршен без голови (0-0). Својот прв гол за клубот го постигнал на 23 јануари 1999, во победата со 3-0 над на Сент Џејмсис Парк во четвртата рунда на ФА купот. Својот прв гол во Премиер лигата го постигнал на 20 февруари 1999, ублажувајќи го само поразот на Њукасл на јужниот брег кај Саутхемптон во натпревар што завршил со резултат 2-1. Хаман поминал само една сезона во дресот на Њукасл Јунајтед во која забележал вкупно 31 настап и 5 гола. Во јули 1999 година, тој заминал во предводен од Жерар Улие, во трансфер вреден 8 милиони фунти; по завршувањето на својата кариера, тој изјавил дека уживал во времето додека бил во Њукасл и дека сакал да остане подолго во клубот, но едноставно не можел да ја одбие понудата од Ливерпул. Својот последен натпревар во дресот на Њукасл го одиграл во финалето на ФА купот, во кое „страчките“ загубиле со 2-0 од на Алекс Фергусон, кои подоцна со победата над неговиот поранешен клуб во финалето на Лигата на шампионите ја освоиле тројната круна.

Ливерпул Заедно со Тити Камара, Сами Хипија, Владимир Шмицер, Сандер Вестервелд и Ерик Мејер, своето деби како фудбалер на , Хаман го имал на 7 август 1999 година, започнувајќи го натпреварот од првото коло на Премиер лигата на гости кај ; сепак, истиот (завршил 1-2 за Ливерпул) за него траел само 24 минути, кога поради повреда на глуждот морал да излезе и да биде заменет од Дејвид Томпсон. Откако отсуствувал месец и половина поради спомената повреда, Хаман се вратил во акција на 27 септември за градското дерби против загубено на домашен терен со 0-1, во кое играл до 65-тата минута кога бил заменет од Стивен Џерард. Својот прв гол во дресот на Ливерпул го постигнал на 5 февруари 2002, во победата над на Анфилд со 3-1. Во својата прва сезона со „црвените“, тој одиграл вкупно 30 натпревари (28 во првенството и 2 во ФА Купот) најголемиот дел од нив започнувајќи ги како стартер.

После првата сезона која била завршена без освојување трофеи, во втората Хаман освоил дури три со Ливерпул, играјќи во сите три финалиња од куповите кои биле освоени. Во финалето на Лига купот, добиено на пенали против , Хаман го одиграл целиот натпревар и бил единствениот играч на Ливерпул кој промашил удар од белата точка, но за негова среќа „црвените“ и покрај тоа победиле со 6-5. Тој бил стартер и во финалето на ФА купот, добиено после пресврт со 2-1 против , како и во финалето на Купот на УЕФА во кое биле подобри по продолженија од Алавес со 5-4. Во сезоната 2000-2001, тој уште повеќе го зацементирал своето место во средниот ред играјќи 53 натпревари и постигнувајќи 3 гола. Следната сезона, одиграл 48 натпревари и постигнал еден гол и го освоил Суперкупот на УЕФА со победата од 2-3 над Бајерн Минхен. Во сезоната 2002-2003, тој го освоил својот втор Лига куп со Ливерпул, совладувајќи го Манчестер Јунајтед во финалето со 2-0, асистирајќи за вториот гол што го постигнал Мајкл Овен.

Во сезоната 2004-2005, Хаман бил дел од тимот на Ливерпул кој предводен од Рафа Бенитес ја освоил титулата во Лигата на шампионите. Во финалето против , Ливерпул губеле со 3-0 на полувремето, кога Хаман влегол како замена на местото на Стив Финан што било катализатор за историскиот пресврт на Ливерпул: откако тимот се разбудил и успеал да ја надополни негативата, стигајќи до 3-3, конечната победа на „црвените“ дошла по изведувањето на пеналите; Хаман, исто така, покажал голема смиреност и храброст, изведувајќи го и реализирајќи го првиот пенал на Ливерпул и покрај тоа што играл со скршен прст на ногата. Во неговата последна сезона со Ливерпул, 2005-2006, и покрај тоа што неговите настапи драстично се намалиле тој ссвоил уште еден трофеј со клубот, неговиот втор ФА куп, после победата над во финалето повторно по изведување пенали; како и една година претходно, Хаман го извел и го реализирал прецизно првиот пенал за Ливерпул кои на крајот победиле со 3-1 после ударите од белата точка. Тоа воедно бил и неговиот последен натпревар во дресот на Ливерпул.

Вкупно во дресот на Ливерпул, Хаман одиграл 280 натпревар, постигнал 11 гола и освоил 9 трофеи.

Манчестер Сити и Милтон Кинс Донс

Во јуни 2006 година, на Хаман му била дадена дозвола да разговара со Болтон Вондерерс за потенцијален трансфер во клубот од Северозападниот дел на Англија. Хаман признал дека би бил тажен ако го напушти Ливерпул, но дека ќе ја донесе „најдобрата одлука за својата иднина“. Хаман всушност потпишал преддоговор во јуни 2006 година, за да стане играч на Болтон, но подоцна се предомислил и потпишал за Манчестер Сити. Таму останал до 1 јули 2009 година, кога станал слободен играч, откако му истекол договорот. Во дресот на Манчестер Сити вкупно забележал 71 настап и 2 гола.

На 20 мај 2010 година, Хаман потпишал едногодишен договор како играч-тренер во Милтон Кинс Донс, но одиграл само 12 натпревари за клубот по што ја завршил својата играчка кариера.

Репрезентативна кариера Хаман играл за германската репрезентација под 21 година, пред да го направи своето деби за сениорската репрезентација во пријателски натпревар против Јужна Африка во ноември 1997 година. Тој бил избран од селекторот Берти Фогтс за Светското првенство 1998, со речиси 25 години, како втор најмлад играч во повозрасната германска репрезентација. За време на групната фаза, Хаман постојано влегувал и излегувал од почетниот состав, конечно пробивајќи се во тимот кога Германија добила интензитет во натпреварот од осминафиналето против Мексико. Сепак, по поразот во четвртфиналето од Хрватска, Германија била елиминирана од турнирот.

thumb|225px|left|Хаман играјќи за германската репрезентација во 2001 За време на квалификациите за Европското првенство 2000, Хаман се етаблирал како клучен играч во транзицискиот тим на Германија. Тој играл во сите натпревари на Германија и на завршниот турнир, каде тие испаднале рано уште по групната фаза. Хаман бил последниот играч кој постигнал гол на стариот Вембли пред неговото уривање кога го постигнал победничкиот гол против Англија во натпревар од квалификациите за Светското првенство 2002 во октомври 2000 година.

Заедно со Михаел Балак и Бернд Шнајдер, Хаман бил еден од клучните играчи на Германија, која била најпријатното изненадување на „Мундијалот“ 2002 во Јапонија и Јужна Кореја. Тој станал само вториот играч на Ливерпул по Роџер Хант во 1966 година, кој играл во финале на Светско првенство додека сè уште бил во клубот, но завршил на страната на поразените бидејќи Бразил ја совладал Германија со 2–0 во Јокохама. Во 67-мата минута од тој натпревар, Хаман ја загубил топката од противничкиот напаѓач Роналдо, кој му додал на Ривалдо за тој да шутира надвор од шеснаесетникот; голманот Оливер Кан го одбранил ударот, но одбиената топка стигнала повторно до Роналдо кој постигнал гол и да му донел на Бразил водство од 1–0. Последователното Европското првенство 2004, се покажало како последен турнир во кариерата на Хаман. Како и претходното, и ова Европско првенство завршило со разочарувачко испаѓање на Германија во првата фаза. Поразот со 1–2 од Чешка во последното коло од групата, се покажал како претпоследен репрезентативен натпревар на Хаман.

По одличниот настап во финалето на Лигата на шампионите во 2005 година, Хаман бил повикан во германската репрезентација од новиот селектор Јирген Клинсман. Во ремито 2–2 против Холандија, Хаман одиграл блед натпревар, очигледно убедувајќи го Клинсман дека повеќе не ја поседува потребната брзина за тоа ниво. Хаман бил отстранет од составот за последователните пријателски натпревари. Бидејќи, не бил избран во германската репрезентација за Светското првенство 2006, тој одлучил официјално да се пензионира од репрезентацијата истата година.

Хронологија на репрезентативните настапи

Тренерска кариера