Тукуман () — покраина во Аргентина, сместена во северозападниот дел на државата. Главен град е Сан Мигел де Тукуман. Се граничи со покраините Салта, Сантјаго дел Естеро и Катамарка. Нагалено се нарекува El Jardín de la República („Градина на републиката“).

Географија thumb|200px|лево|Езерото Ла Ангостура thumb|200px|лево|Црквата Виланугес thumb|200px|лево|Типичен пејзаж во Тукуман

Тукуман е најмалата покраина во Аргентина по површина. Највисоката точка е Серо дел Болсон со 5.550 метри.

Таа има топла суптропска клима и обилни дождови во секој нејзин дел.

Најголема река е Сали. Тука се наоѓаат и неколку големи хидроцентрали како „Ел Кадилјал“. која е најважна за таа област, потоа „Ембласе Рио Ондо“ на реката Ондо, „Ла Ангостура“ на реката Рио де лос Соса и „Ескаба“ на реката Марапа.

Стопанство Економијата на покраината се темели на преработката и производството на шеќер, со насади од 2.300 км2, со учество од 60% од производството на шеќер во земјата. Освен тоа тука се одгледува и лимонот (најголем произведувач во светот), јагода, киви, грав, пченка, луцерка и соја.

Присутни се и говедата и овците, но повеќе за домашна употреба.

Административна поделба Покраината има 17 департмани (departamentos).

Поврзано Административна поделба на Аргентина

Надворешни врски Управа на Тукуман Портал на Тукуман

Категорија:Покраини во Аргентина