Општина Бесвица, именувана и како Месен народен одбор Бесвица ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1913-1930 и 1945-1950 година.
Историја 1913-1915 Општина Бесвица за прв пат била основана во 1913 година, за време на Кралството Србија. Населени места во општината биле Бесвица, Горна Драчевица, и Чифлик. Општината била дел од Неготинскиот Срез, Тиквешки Округ.
1915-1918 Општина Бесвица продолжила да постои за време на Царството Бугарија, односно окупацијата во Првата светска војна. Општината територијално останала иста и била дел од Неготинската Околија, Штипски Округ.
Кралство СХС/Југославија За време на новата држава Кралство СХС (подоцна под името Кралство Југославија), Општина Бесвица продолжила да постои во рамки на Неготинскиот Срез, и почнувајќи од 1929 година, во Вардарската Бановина. Таа се состоела од населените места: Бесвица, Горна Драчевица, и Чифлик. Во 1930 година, општината била укината, на сметка на соседната и проширена Општина Демир Капија.
1945-1950 Месниот народен одбор Бесвица бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Неготинската Околија, Велешки Округ, и негово составно населено место било селото Бесвица. Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Бесвица останал територијално непроменет. МНО Бесвица тогаш припаднал во Кавадаречката Околија. Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Бесвица бил укинат на сметка на соседниот и проширен МНО Прждево.
Население Според пописот од 1913 година, Општина Бесвица имала 1,311 жител, односно вкупното население на Бесвица, Горна Драчевица, и Чифлик.
Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Бесвица имал 639 жители, односно вкупното население на Бесвица. Од таа бројка, 623 биле Македонци, додека 16 биле Турци.
Поврзано Список на населени места во Вардарска Македонија по општина (1913-1915) Список на општини во Македонија по население (1948)
Наводи
Бесвица Бесвица Бесвица Бесвица Бесвица Категорија:Неготинска Околија Категорија:Кавадаречка Околија