десно|мини|358x358пкс|Плакат за филмот „Божиќна песна“ од 1938 година. десно|мини|240x240пкс|Снимка од екранот од насловот на трејлерот за филмот „Белиот Божиќ“ (1954) Божиќни филмови — филмски жанр што ги тематизира Божиќ и поврзаните обичаи, или како средишна содржина или како временска линија на заплетот.

Мотивот на Божиќ и традициите поврзани со овој празник ја образуваат основата на божиќните филмови. Посебна категорија се претставуваат дела што имаат библиска тема за раѓањето на Христос (на пр. Исус од Назарет (1977) и Приказна за Исусовото раѓање (2006)) или цртани филмови на тема како што се „Божиќ на Чарли Браун“ и „Ѕвездата“ (2017). Филмовите што се занимаваат со божиќните празници и обичаи ја образуваат втората група од овој жанр. Меѓу најпознатите вакви филмови се: Животот е прекрасен, „Белиот Божик“ (1954) и други.

Во Соединетите Американски Држави, традицијата на продукција на божиќни филмови е поразвиена отколку во Европа. Сепак, Велика Британија има најдолга традиција благодарение на екранизираните адаптации на „Божиќна приказна“ од Дикенс, што е воедно и најчесто прикажуваната божиќна тема.

Телевизиските мрежи, филмските студија и продуцентските компании, како што се кабелските канали Hallmark и Lifetime, објавуваат нови филмови со божиќна тематика секоја година во декември или околу Божиќ. Сите овие филмови содржат варијации на слични заплети и мотиви.

Во текот на 1980-тите, со популаризацијата на домашното видео, овие филмови почнале да се продаваат и препродаваат секоја година пред Божик. Многу божиќни приказни се преработени во играни филмови и телевизиски специјали кои се прикажуваат и репризираат на телевизија за време на празничното раздобје.

Поретко, изразто „божиќен филм“ се користи и за филмови што се прикажуваат за Божиќ и немаат никаква врска со божиќниот празник. Тука спаѓаат, на пример: филмовите за Сиси, „Возот в снег“, „Зелената милја “ и други.

Во неанглиските подрачја, божиќните филмови се продуцираат релативно ретко во споредба со англосаксонските земји.

Наводи

Категорија:Новогодишни филмови