Свети Ѓорѓи — главна манастирска црква на Дуњскиот манастир во мариовското село Дуње, Македонија.
Местоположба
Црквата се наоѓа на околу 4 километри јужно од селото Дуње, во непосредна близина на регионалниот пат 1107, од неговата десна страна. Оваа манастирска црква се наоѓа на околу 2 километри јужно од наоѓалиштето Трпчева Црква, на едно ритче десно од патот за Витолиште.
Историја
Првичната црква потекнува од XII век. Подоцна биле правени повеќе интервенции во повеќе фази. Сегашната состојба потекнува од XIX век.
Според натписната плоча десно од влезот на самата црква, истата била осветена од митрополитот Преспанско-битолски г. Петар на 4 септември 1994 година.
Архитектура
Градбата на црквата е еднокорабна.
Истата е со задоволителна состојба, иако се појавува подземна влага на ѕидовите во приземните партии.
Покривот на црквата бил променет, а бил поставен и нов под од мермерни плочи.
Галерија
Поврзано Прилепско архијерејско намесништво Прилепечко-витолишка парохија Дуње
Наводи
Надворешни врски
Детален извештај за мониторинг од ИКОМОС Македонија
Категорија:Храмови посветени на Свети Ѓорѓи во Македонија Категорија:Дуњски манастир