Падарница — археолошко наоѓалиште во прилепското село Крушевица. Претставува тумул од железното време.

Местоположба

Наоѓалиштето се наоѓа на околу 2,5 километри јужно од селото, покрај патот за селото Чаниште.

Опис

На наоѓалиштето има мал тумул со неправилна основа од 8 на 5 метри и зачувана височина од 1-1,5 метри, ограден со камени плочи на работ од основата и на врвот.

Поврзано Бабо — населба и некропола од римско време; Градиште — збег од доцноантичко време; Грамаѓе — населба од римско време; До Селото — некропола од римско време; Каве — населба и некропола од хеленистичко и римско време; Манастир Св. Недела — сакрален објект од старохристијанско време; Страгата — тумул од железно време; Црква Св. Архангел — осамен наод од римско време; Црквиште — сакрален објект од старохристијанско време; Испраен Камен — тумул од железното време и римска стела; Ковчезите — населба од бронзеното време; Падиште — тумул од железното време; Скапците — тумул од железното време; Таламбасица — тумул од бронзеното и античкото време; Три Дабици — тумул од бронзеното време; Широк Пат — тумул од железното време; Крушевица; Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.

Наводи

Категорија:Крушевица (Прилепско)