мини|десно|250п|Информативна табла за гробниците кај Тумба. Тумба () — село во Гуменџиско, Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на Кукушкиот Округ, Грција. Населението брои 506 жители (2021). Сè до 1920-тите населението било населено исклучиво со Македонци.
Географија Селото се наоѓа во северозападниот крај на Солунското Поле, на исток од Гуменџе и јужно од Бојмица.
Историја Името на селото се должи на античката гробница меѓу училиштето и црквата врз која е изградена старата камбанарија. На 800 м северно од селото има уште две древномакедонски гробници — Тумбенска гробница I и Тумбенска гробница II. Во 1986 г. античката населба е прогласена за заштитен споменик, а во 1996 г. гробниците го добиле истиот статус.
Во Отоманското Царство Во XIX век Тумба била чисто македонско село во Ениџевардарската Каза. Црквата „Св. Атанасиј“ е изградена во 1802 г. и живописана во 1864 г. од славниот мајстор Дичо Зограф.
Во 1870-тите во Тумба проработела бугарската пропаганда со отворањето на бугарско училиште. Ова било единственото од бојмичките бугарски училишта кое успеало да го издржи притисокот на патријаршиските црковни власти.Кирил патриарх Български. Българската екзархия в Одринско и Македония след Освободителната война 1877-1878. Том първи, книга втора, стр. 29. Заслуга за тоа ималАлбум-алманах „Македония“, София, 1931. месниот големец Сали-бег Стамболи, кој бил бугарофил. Во 1874 г., кога тумбенци изразиле желба да ѝ се приклучат на новосоздадената Бугарска егзархија за да се спасат од Грците, Сали-бег дал согласност под услоив жителите тоа го прифаќаат едногласно, и така селото станало егзархиско. Бегот го снабдил бугарското училиште со книги и весници. Од 1875/76 г. до 1879/80 г. во Тумба предавал Георги Пејков по неговиот „заемноучителен“ метод. Пејков повторно бил учител во Тумба во 1888/89 г., тојпат предавајќи по современи методи.
На австроунгарската воена карта селото е означено како Тумба (Tumba), а на картата на Кондојанис исто така се води како Тумба (Τούμπα), христијанско село.
Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Тумба имала 540 жители, сите Македонци христијани.
Целото село било под врховенството на Бугарската егзархија и во него продолжила да работи бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Тумба (Toumba) имало 672 Македонци екзархисти и работело бугарско училиште.
Во 1905 г., според Крсте Петков Мисирков, село Тумба било македонско со 60 куќи.
Кукушкиот околиски училиштен инспектор Никола Хрлев во 1909 г. напишал за селото:
По податоци на Егзархијата во 1910 г. Тумба имала 90 семејства сочинети од 522 жители Македонци (80 чифлигари) и една црква.Шалдев, Христо. Областта Боймия в Югозападна Македония. Македонски преглед, 1930, 6:1, стр. 61–69. Во 1909 г. властите го уапсиле поранешниот претседател на уставниот клуб во Тумба Милче Трајчев.Дебърски глас, година 1, брой 36, 6 декември 1909, стр. 4.
Во 1910 г. Халкиопулос напишал дека во селото (Τούμπα) имало 670 егзархисти.
Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека Тумба пред Балканските војни имала 45 куќи на Македонци христијани.
За време на Првата балканска војна селото е заземено од бугарски чети.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. Тумба била пропоена кон Грција согласно Букурешкиот договор. Во 1912 г. е заведено како село со христијанска религија и македонски јазик. На пописот од 1913 г. Тумба (Τούμπα) е село со 516 жители (278 мажи и 238 жени). Во 1920 г. во него се попишани 505 лица. Во 1924 г. целото население со исклучок на две семејства било иселено во Бугарија, а на негово место властите довеле грчки колонисти. Ликвидирани се 74 имоти на иселените. Во 1924 г. се доселиле 100 семејства од источнотракиското село Џелеп, 30 од малоазиското село Флогија и 3 од Фенерќој (Фанари), Источна Тракија.Портал на општината Ашиклар .
Во 1928 г. Тумба е претставено како мешано староседелско-дојденско село со 599 жители дојденци (162 семејства).
До старата црква дојденците изградиле нова црква „Успение на пресв. Богородица“ која потсетува онаа што ја оставиле во Источна Тракија.
+ Месности во Тумба преименувани со службен указ на 31 јули 1969 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Јачинот Γιατσινὸτ Какорема Κακόρεμαрека на ЈЗ от Тумба Посит Πόσιτ Рематаки Ρεματάκιрека на ЈЗ од Тумба Караагач Καραγάτς Фтелија Φτελιάмесност на ЈЗ од Тумба Јени Куле Γενεή Κουλέ Ептапиргион Έπταπύργιονмесност на ЈЈЗ од Тумба Курт Тепе Κούρτ Τεπέ Ликовуни Λυκοβούνιвозвишение на З од Тумба
Население
Културни и природни знаменитости Тумбенска гробница I Тумбенска гробница II Црква „Св. Атанасиј“ од 1802 г.
Личности Родени во Тумба Атанас Кошничаров (1859 – по 1943) — револуционер на ВМОРО Вангел Кехајов (1873 – по 1943) — револуционер на ВМОРО Златан Христов Милушев (1896 – ?) — претприемач, преселен во Бугарија во 1925 г., сопственик на фабрика за тестенини, по 1944 г. репресиран, затворан во логорот „Белене“Петринска, Маргарита. Ениджевардарското слънце огря и Златан Милушев, в. „Македония“, година V, брой 22 (189), 7-14 юни 1994 г., с. 7. Крсте Кехаев — борец во МОО од четата на Ичко Димитров, Зборна партизанска чета на МОО, во грчко заробеништво од 1 јули до 20 ноември 1913 г. Штерјо Стојанов (1875 – ?) — борец во МОО од четата на Иван Паљошев, IV чета на XV Штипска дружина Тане Тумбенчето — деец на ВМОРО, убиен во април 1905 г. заедно со Андон Иванов Терзиев кај Црна Река
Починати во Тумба Никола Минов — револуиционер од Тушин, деец на ВМОРО, убиен кај Тумба„Борбите в Македония – Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 138, ISBN 954-9514-56-0
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Пајонија (општина)