Полинезијци или полинезиски народи — етнојазична група од блискосродни народи домородни во Полинезија, која ги опфаќа островите во рамките на Полинезискиот Триаголник на Тихиот Океан. Водат рано праисториско потекло од островска Југоисточна Азија и се дел о дпоголемата австронезиска етнојазична група, чија прататковина е Тајван. Говорат полинезиски јазици, гранка на окранското потсемејство на австронезиските јазици. Најброен народ меѓу нив се Маорите во Нов Зеланд, followed by Самоанците, Хавајците, Тахиќаните, Тонганците и Куковоостровјаните.
Во 2012 г. е проценето дека на на светот живеат 2 милиони Полинезијци (чисти или мешани). Највеќето од нив живеат како мнозински народи во независни држави (Самоа, Ниуе, Кукови Острови, Тонга и Тувалу) или како малцинства во земји како Нов Зеланд, Австралија, Чиле (Велигденски Остров), прекуморска Франција (Француска Полинезија и Валис и Футуна) и САД (Хаваи и Американска Самоа), како и во британската прекуморска територија Питкернски Острови. Највеќе Полинезијци во историјата имал Нов Зеланд, проценети на 110.000 во XVIII век.
Полинезијците важат за големи морепловци, чии пловила им овозможиле да ги населат сите краишта на Океанија, на острови многу оддалечени едни од други: Хаваите, Рапануи (Велигденски Остров) и Аотеароа (Нов Зеланд). Овие народи користеле прастари морепловни вештини, водејќи се според ѕвездите, струите, облаците и летот на птиците, кои се пренесуваат од колено на колено до денешен ден.
Потекло
мини|Полинезиската колонизација на т.н. Полинезиски Триаголник. Полинезијците, вклучувајќи ги Самоанците, Тонганците, Ниуеанците, Куковоостровјаните (т.н. Куковоостровски Маори), Тахиќаните, (Маоли), Маркисците и новозеландските Маори, се подгрупа на австронезиските народи. Имаат заедничко потекло со староседелците на Тајван, островска Југоисточна Азија, Микронезија и Мадагаскар. За ова сведочат генетските, јазичните и археолошките докази. мини|лево|300п|Времеследно распространување на австронезиските народи
Постојат повеќе претпоставки за прапотеклото и начинот на распространување на австронезиските народи, но најшироко прафатена теоријата е дека нивните предци се иселиле од Тајван некаде помеѓу 3000 и 1000 г. п.н.е. Потоа тие набргу ги колонизирале островите во Индискиот и Тихиот Океан користејќи релативно напредни изуми како катамаранот, пловила со потпора и едра со облик на ракова клешта. Биле првите луѓе што ги преминале огромните водни пространства во морски пловила. Самите Полинезијци потекнуваат од гранка на австронезиски доселеници во островска Меланезија.
За непосредни предци на Полинезијците се сметааат луѓето од неолитската лапитска култура. Оваа група настанала во островска Меланезија и Микронезија околу 1500 г. п.н.е. и била сочинета од луѓе од островска Југоисточна Азија на запад и претходен бран на австронезиски доселеници од Микронезија на север. Културата се одликува со грнчарија со забести втисоци. Меѓутоа, нивното ширење на исток запрело кога стасале до западнополинезиските острови Фиџи, Самоа и Тонга до приближно 900 г. п.н.е. Ова останало така во следните 1.500 години, during which лапитската култура на овие острови нагло ги изгубила грнчарските вештини. Продолжиле да се селат на исток околу 700 г., проширувајќи се на Куковите Острови, Француска Полинезија и Маркиските Острови. Подоцна продолжиле кон Хаваите (кон 900 г.), Велигденскиот Остров (1000 г.), и конечно во Нов Зеланд (1200 г.).
Генетски проучувања thumb|Тахитски пахи — двотрупни борбени чунови на илустрација од 1827 г. Според анализите на Кејзер и неговите колеги, само 21 % од полинезискиот автозомен генетски фонд е од австралоидско потекло, а останатите 79 % се од австронезиско. Друго проучување на Фридлендер и колегите (2008) потврдува дека Полинезијците се генетски поблиски со Микронезијците, тајванските староседелци и островските Југоисточноазијци. Од ова е изведен заклучокот дека Полинезијците прилично бргу прешле преку Меланезија, поради што дошло до само ограничено мешање помеѓу Австронезијците и Папуанците. Полинезијците претежно ѝ припаѓаат на хаплогрупата B (мтДНК), особено на мтДНК B4a1a1 (полинезиски мотив). Големата застапеност на мтДНК B4 кај Полинезијците е производ на генетско поместување и ги претставува потомците на неколку австронезиски жени кои се смешале со папуански мажи.Assessing Y-chromosome Variation in the South Pacific Using Newly Detected, By Krista Erin Latham Полинезиското население претрпело основачки ефект и генетско поместување поради малиот број на потомци. Поради основачкиот ефект, Полинезијците се особено различни генотипски и фенотипски од нивните предци. Ова се случило бидејќи тие произлегуваат од многу мал број на поединци од поголемо население, што води до загуба на генетска разновидност.
Соарес и неговите колеги (2008) изнесуваат аргументи за предхолоценско сундаландско потекло во островска Југоисточна Азија според митохондриската ДНК. Моделот за тајванско потекло е ставен под прашање од проучувањето на Лидскиот универзитет објавено во Molecular Biology and Evolution. Испитувањето на митохондриските ДНК-лози укажува не тоа дека тие претрпеле етногенеза во островска Југоисточна Азија подолго отколку што дотогаш се мислело. Предците на Полинезијците стасале до Бизмарковиот Архипелаг во Папуа Нова Гвинеја пред барем 6.000 до 8.000 години.DNA Sheds New Light on Polynesian Migration, by Sindya N. Bhanoo, Feb. 7, 2011, The New York Times
Во 2014 г. Липсон и колегите направиле проучување на целогеномски податоци кое ги потврдува наодите на Кајзер и колегите. Денешните Полинезијци имаат помал австраломеланезиски удел отколку Австронезијците во островска Меланезија. Сепак, смешаност има кај обете групи, заедно со другите австронезиски населенија вон Тајван, што укажува на различни степени на мешање помеѓу дојдовните неолитски австронезиски доселеници и постоечките палеолитски австраломеланезиски населенија во островска Југоисточна Азија и Меланезија.
Проучувањата од 2016 и 2017 г. одат во прилог на идејата дека најраните лапитски доселеници претежно ја заобиколиле Нова Гвинеја, доаѓајќи право од Тајван или северните Филипини. Смешаноста со австраломеланезиските Папуанци присутна во генетиката на денешните Полинезијци (како и островските Меланезијци) се појавиле дури по населувањето на Тонга и Вануату.
Во 2020 г. е утврдено дека Полинезијците и јужноамериканските староседелци дошле во контакт околу 12 века пред првиот контакт со Европејците кај обете групи.
Народи мини|180п|Портрет на Маор од Готфрид Линдауер. thumb|Пиење на кава ('ава) во Самоа на почетокот на XX век. На светот живеат околу 2 милиони Полинезијци и лица од делумно полинезиско потекло, од кои највеќето живеат во Полинезија, САД, Нов Зеланд и Австралија. Подолу се наведени полинезиските народи подредени според нивната проценета бројност:
Полинезија Маори: Нов Зеланд (Аотеароа) — 892.200,(не сметајќи 170.057 што живеат во Австралија, цел свет: 1.062.257) Самоанци: Самоа, Американска Самоа — 249.000 (цел свет: 500.000–600.000 вклучувајќи ги 109.000 што живеат во САД и 145.000 во Нов Зеланд) Тахиќани (Маохи): Тахити — 178.000 (со расно мешани: 250,000+) Хавајци (Маоли): Хаваи — 140,000 (со расно мешани: 400,000) Тонганци: Тонга — 104.000 (цел свет: 300.000, од кои 43.465 во Австралија, 67.221 во САД и 82.839 во Нов Зеланд) Куковоостровјани (Куковоостровски Маори): Кукови Острови – 98.000+ (од кои 62.000 во Нов Зеланд и 16.000 во Австралија) Ниуеанци: Ниуе — 20.000–25.000 (од кои 95 % живеат во Нов Зеланд) Ротумци: Ротума — 15.000–20.000 (5 % живеат на островот Ротума, 75 % на главниот архипелаг на Фиџи, а 20 % во Австралија и Нов Зеланд Туамотци: архипелагот Туамоту — 16.000 Тувалци: Тувалу — 13.500 (од кои 3.500 во дијаспората во Нов Зеланд) Маркисци: Маркиски Острови — 11.000 Токелауанци: Токелау — 8.000 (од кои 6.500 во дијаспората во Нов Зеланд) Австралоостровјани: Австралски Острови — 7.000 Рапанујци: Велигденски Остров — 5.000 (вклучувајќи мешани и оние што живеат во Чиле) Мангаревци: архипелагот Гамбје — 1.600 Мориори: Четемски Острови (Рекоху) — 738 (новозеландски попис од 2013 г.) Увејци и Футунци: Валис и Футуна
Полинезиски ексклави Капингамаранги и Нукуоро: Сојузни Држави на Микронезија Нугурија, Нукуману и Такуу: Папуа Нова Гвинеја Анута, Белона, Онтонг Џава, Ренел, Сикаина, Тикопија и Вејакау-Таумако: Соломонски Острови Емае, Маката, Меле (Еракоро, Ератапу), Анива и Футуна: Вануату Фагаувеја: Увеја (Нова Каледонија) Киоа (Фиџиски Острови)
Поврзано Австронезиски народи Меланезијци Микронезијци Полинезија Полинезиски јазици Полинезиска митологија Малгаши
Наводи
Надворешни врски
Полинезијци — Голема руска енциклопедија Полинезиска културна преродба — статија на Википедија на француски
Категорија:Народи во Океанија Категорија:Австронезиски народи