Puck беше првото успешно хумористично-сатирично списание во Соединетите Американски Држави, кое во своите изданија содржеше цртежи во боја, карикатури и силна политичка сатира. Списанието е основано во 1876 година како публикација на германски јазик од Џозеф Кеплер, карикатурист роден во Австрија.

Пукиш (Puckish) значи „детски палав“. Имено, во детската искреност и искажувањето на вистината низ палавост, хумор и сатира настанало и името на списанието. Инспирација за името на списанието бил Шекспировиот лик Пук (од „Сонот на летната ноќ“). Списанието „Пук“ е првo што успешно го усвои печатењето литографија целосно во боја за неделно објавување.

Првото издание на „Пук“ на англиски јазик беше објавено во 1877 година, покривајќи прашања како што се американската претседателска политика и социјалните прашања од крајот на 19 век до почетокот на 20 век.

„Пук“ се објавуваше од 1876 до 1918 година.

Категорија:Американски списанија