Алберто Карлос Гарсон Еспиноза (шпански: Alberto Carlos Garzón Espinosa;роден на 9 октомври 1985 година) е поранешен шпански политичар и економист. Тој бил министер за заштита на потрошувачите од 2020 до 2023 година. Гарсон е член на Комунистичката партија на Шпанија и Обединетата левица од 2003 година. На парламентарните избори во 2011 година, тој бил избран за пратеник во рамките на таа коалиција. Тој бил секретар за уставни процеси на Обединета Левица од 2014 до 2016 година, а во 2015 година повторно бил избран за кандидат на Обединета Левица за парламентарните избори истата година.

Биографија

Семејно потекло и младост Тој е син на Алберто Гарсон Бланко, наставник по географија и историја во Малага, и Изабел Еспиноза Касарес, фармацевтка од Ченисеро, Ла Риоха . Двајцата се запознале на летно патување во Ринкон де ла Викторија. Раните години ги поминал во Логроњо, каде што е и роден. Кога имал три години, семејството се преселило во севиљскиот град Марчена, каде што неговиот татко се вработил како професор.

Во 1994 година, семејството се вратило во Ринкон де ла Викторија. Гарсон завршил основно училиште во учичиштето „Мануел Лаза Паласиос“ и средно училиште во училиштето „Бен Ал Џатиб“. Тој го сакал фудбалот и се обидел, безуспешно, да се запише во Спортскиот клуб Ринкон.

Студентски години Гарсон првично студирал администрација и управување со корпорации на Факултетот за економски и деловни науки на Универзитетот во Малага, но следната година се префрлил на економија. Кога имал 18 години, се приклучил на Обединетата левица Зелените-Андалузија .

Во 2004 година, Гарсон учествувал во основањето на Студенти за критична економија, здружение чие претседател бил до 2008 година, а тоа било во иста линија како и постаутистичкото економско движење родено во Франција неколку години претходно. Целта на таа група била академска и милитантна, бидејќи го осудувало „уникатното размислување и интелектуалната празнина што владеела во наставата по економија“, истовремено учествувајќи во општествени движења како што е Социјалниот форум „Уште една Малага“ од 2004 година. Здружението прво се инкорпорирало како „Левичарски студенти“, универзитетско здружение од левичарска и антикапиталистичка природа, а подоцна, во платформата на „Критички студенти“, сојуз на многу прогресивни групи. „Критична Економија Малага“ учествувало на студентските избори, добивајќи 64% од гласовите во 2008 година.

Обединета Левица го ставила Гарсон на петтото место на својата кандидатска листа за локалните избори во Шпанија во 2007 година.

Гарзон подоцна магистрирал по меѓународна економија и развој на Факултетот за бизнис и економски науки при Универзитетот „Комплутенсе“ во Мадрид . Токму тука студирал Гарзон Сампедро, на кого Гарсон подоцна јавно ќе му се заблагодари што му ги дал основите на начинот на размислување и на политичка активност. Други политичари од Обединета Левица се запишале на Факултетот за бизнис и економски науки на универзитетот, вклучувајќи го и Еди Санчез, како и неколку економски советници на политичката партија „Подемос“ .

Пратеник во Собранието на Шпанија Гарсон првпат бил избран за пратеник во шпанскиот парламент на листата на Обединета Левица за Малага, по општите избори во Шпанија во 2011 година. Тој бил најмладиот член на Шпанскиот парламент во тој парламентарен состав.

Во јануари 2013 година, тој бил избран за член на Федералниот извршен комитет на Обединета Левица.

Министер за заштита на потрошувачите Гарсон бил назначен за министер за заштита на потрошувачите на 13 јануари 2020 година.

Во октомври 2021 година, Гарсон објавил дека министерството ќе го забрани рекламирањето на неколку категории нездрава храна за деца под 16 години. Таквото рекламирање било предвидено да биде забрането на телевизија, на радио, онлајн, во кино сали и во весници. Од овој закон засегнати биле прехранбени производи како бонбони, колачи, торта, сок, енергетски пијалоци и сладолед. Во 2022 година, Гарсон предизвикал контроверзии критикувајќи го индустриското сточарство, нагласувајќи ја неговата штета врз животната средина и потенцирал дека тоа е виновно за извозот на месо со слаб квалитет. Тој изјавил дека традиционалното производство на месо е поодржливо, но се соочил со реакции и критики од месната индустрија, опозициските политичари и високи членови на владејачката Социјалистичка работничка партија. Гарсон повторно ја критикувал месната индустрија, овојпат за загадувањето предизвикано од индустристриското сточарство. Сточарската индустрија во Шпанија зависи од извозот, а неговите коментари добиле силни негативни критики од различни страни. Во еден свој извештај го поврзал интензивното одгледување свинско месо со еколошка катастрофа во Шпанија, што доведува до смрт на илјадници риби.

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1985 година Категорија:Шпански политичари