Љуба Јовановска ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.

Животопис Од март 1942 година била кандидат на КПЈ и активно работела со младинките прибирајќи народна помош. Растурала пропаганден материјал. Од април 1943 година станала член на КПЈ и раководела младински и скоевски гpyпи, како секретар на партиската келија во Струга. Од зимата 1943 година била назначена за секретар на Месниот Комитет на КПМ - Струга. Пронаоѓала илегални станови за состаноци и илегалци, собирала народна помош и преку курири ја испраќала во партизанските бази во Дебарца. Учествувала во работата на партиската техника. Ја имала и јавката и поштата со базата на Караорман.

Била осомничена од полицијата поради што честопати се вршеле претреси и сослушувања. Во октомври 1944 година оди во Малесија на слободна територија, каде била избрана за член на Околискиот комитет на КПМ за Струшко, со задача да орrанизира одбори на АФЖ по селата. Била избрана за секретар на Околискиот одбор на АФЖ и за член на Обласниот одбор на АФЖ во есента 1944 година. Носител е на орден заслуги за народ III ред и орден братство-единство II ред.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ