Скопска Област — административна единица на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците од 1922 до 1929 година.
Географија Средишна и главна обласна самоуправа во Јужна Србија, главно во областа на Горно Повардарие, при што се протега по реката Радика, притока на Црн Дрим, до над Дебар.
Скопската Област се наоѓала помеѓу Врањската и Косовската Област на север и Брегалничката и Битолската Област на југ, достигнувајќи на исток до Осогово речиси до бугарската граница, додека на запад на планината Кораб се граничела со Албанската Република.
Главно средиште на Скопската Област било Скопје.
Население Населението во Скопската Област било претежно македонско (официјало се водело како српско) (193.926), потоа албанско и албанскоговорно (90.276), а остатокот го сочинувале Турци, со малку Евреи и Цинцари.
Според верата, имало: 180.738 православни, 1.162 католици, 86 евангелисти, 152.435 муслимани, 1.907 мојсиевци и 35 од други вери.
Главни населби Главни градови биле: Скопје, Куманово, Велес и Тетово.
а гратчиња: Кратово, Гостивар, Качаник, Брод, Ростуше и Злетово.
Скопската Област била создадена со спојување на поранешните Тетовоски и Скопјски Округ, како и одЖеглиговскиот (Куманово) и Кратовскиот Срез од Кумановскиот Округ.
Областа ги содржела следните срезови:Карта Краљевине Срба, Хрвата и Словенаца, пук. Петар Маџаревић, Београд 1924 Велешки Галички (Ростуше) Горнополошки (Тетово) Долнополошки (Гостивар) Жеглиговски (Куманово) Качанички Кратовски Поречки (Брод) Скопски
По воведувањето на бановините, целата област била дел од Вардарската Бановина, чие средиште исто така било во Скопсје.
Наводи
Литература
Народна енциклопедија, 1925 г.- књига 4. — странице 135-137.
Категорија:Историја на Скопје Категорија:Појавено во 1922 година во Македонија Категорија:Македонија под српска власт Категорија:Области во Кралството СХС