Alone in the Dark (македонски: Сам во темнината) — компјутерска игра во жанрот ужас за преживување од 2024 г., развиена од Pieces Interactive, а објавена од THQ Nordic. Таа претставува преработка на изворната игра Alone in the Dark од 1992 г. и е седмо продолжение во истоимениот серијал. Приказната е сместена во 1930-тите години, каде што играчите можат да изберат да играат како Едвард Карнби (Дејвид Харбор) или Емили Хартвуд (Џоди Комер), додека се пробиваат низ вилата „Дерсето“ за да ги откријат таинствата што се кријат внатре.
Играта била објавена за PlayStation 5, Windows и Xbox Series X/S на 20 март 2024 г. По објавувањето, играта добила мешани одзиви од критичарите и не успеала да ги исполни очекувањата за продажба на матичната компанија на THQ Nordic, Embracer Group, што довело до затворање на студиото Pieces Interactive во јуни 2024 г.
Играчки процес Alone in the Dark користи гледиште од трето лице „преку рамо“, отфрлајќи ги фиксните агли на камерата карактеристични за оригиналот. Овој пристап е сличен на серијалот Resident Evil, која исто така го избрал овој начин на презентација за своите неодамнешни преработки. Борбата се одвива со огнено или ладно оружје, како што било прикажано во најавниот трејлер. Играчите можат да изберат да играат со Емили или со Едвард, при што двете кампањи нудат различни филмски сцени и нивоа.
Борбениот систем вклучува огнено оружје, ладно оружје и предмети за фрлање, заедно со опасностите во околината што можат да се искористат за да се стекне предност над чудовиштата. Околината е исполнета со предмети што играчот треба да ги пронајде, како што се стреливо, оружја, клучеви и предмети за собирање — вклучувајќи дневници, писма и „лањапи“ (lagniappes), кои отклучуваат тајни информации за приказната и целите.
Приказна Емили Хартвуд и приватниот детектив Едвард Карнби заминуваат во имотот „Дерсето“, установа за душевно здравје, за да го истражат исчезнувањето на Џереми Хартвуд, чичкото на Емили.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Игри за Windows Категорија:Игри за PlayStation 5 Категорија:Игри за Xbox Series X/S Категорија:Ужаси за преживување Категорија:Видеоигри од Шведска __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__