мини|Аконкагва, највисокиот врв во Аргентина thumb|200px|Вилависенсио thumb|Поглед на снежните Анди Мендоса (шпан. Mendoza) е покраина во Аргентина, сместена во западноцентралниот дел на земјата во регионот Кујо. Се граничи со покраините Сан Хуан, Сан Луис, Ла Пампа, Рио Негро и Неукен. На запад се граничи со Чиле.

Географија и клима

Самата покраина е сместена на планинскиот масив на Андите, поточно на нивниот понизок дел попознат како „Преткордиљери“, кои се малку пониски. Реки кои течат се Мендоса, Тунујан, Дијаманте и Атуел.

Климата е континентална, сончева и сува, со топли лета и ладни зими Годишните врнежи се движат од 150 до 350 mm. Планините изобилуваат со ледници.

Стопанство Најголема гранка е лозарството, односно винарството со 70% од вкупното производство во земјата. Има и големо производство на јаболка, круши, домати, кромид, сливи, маслинки, вишни, праски и души.

Има огромни наоѓалишта на нафта. А исто така се копа и доста вар.

Административна поделба Покраината е поделена на 18 департмани (departamentos),

Поврзано Административна поделба на Аргентина

Наводи

Надворешни врски Потал на покраината Мендоса (шпански) Министерство за туризам и култура на Мендоса (шпански) Откријте ја Мендоса - Туризам (шпански) Националниот универзитет (шпански) карта на Мендоса Слики на Мендоса и нејзините вински полиња

Категорија:Покраини во Аргентина Категорија:Држави и територии настанати во 1812 година