Радовишки чинар — платан во градот Радовиш прогласен за природна реткост..
Местоположба Чинарот се наоѓа се наоѓа во стариот дел од градот Радовиш. Околу деблото на платанот е направен заштитен камен ѕид со висина од 0,6 м кој почнал да се распаѓа на некои места. Целокупниот простор под платанот е со асфалт. Истиот на некои места под влијание на површинските корени почнува да се подига и изобличува. Во непосредна близина на чинарот се наоѓаат куќи и приватна болница. Исто така во негова близина е и „Паркот на младите“.
Опис Крошната на чинарот е широко разгранета во сите правци со три главни дебели гранки. Самото дрво е високо 24,0 м, деблото е високо 5,0 м, а висината на крошната е 19,0 м.
Обликот на крошната е полутопчест, подеднакво распоредена во сите правци со обем од 102,6 м, а ширината мерена кон: север 18 м, исток 18,5 м, југ 12,3 м, запад 16,6 м.
Во основа кореновиот врат на деблото има обем од 7,9 м со пречник на кореновиот врат 2,5 м. Обемот на градна висина е 6,0 м, а пречникот 1,9 м.
Кората по деблото е длабоко браздесто испукана со јасно испакнати многуаголни плочки со шпицесто делтоиден облик. Ваквата кора посебно е изразена на северната и јужната експозиција. По гранките кората е мазна, сивопепеласта маскирно панаширана.
Проценка на староста Службени податоци за староста на овој чинар не постојат.
Во „Анализата на радовишкиот Јавор од м-р Ристо Климовски“ од 2019 година, чинарот бил проценет на 607 години.
За утврдување на староста (возраста) на чинарот, при изработката на „Елаборатот за ревалоризација на Платаново стебло (Platanus orientalis L.) во Радовиш“, во 2021 година, била користена методата на вадење извртоци од стеблото со Преслеров сврдел и броење на годовите, па староста била проценета на приближно 625 години.
Наводи
Надворешни врски „Стебла со историја – кои се најдревните старци меѓу дрвјата!?“, „Вечер“, 1.1.2026.
Категорија:Поединечни дрва во Македонија Категорија:Чинари Категорија:Радовиш Категорија:Природни реткости во Македонија Категорија:Појавено во 14 век во Македонија Категорија:Појавено во 15 век во Македонија