„Бел шум“ (англиски: White noise) — роман на американскиот писател Дон Делило (Don DeLilo) од 1985 година. Авторот им ја посветил книгата на Су Бак и Лоис Волас.Don DeLilo, Beli šum. Geopoetika, Beograd, 2022, стр. 7.
Содржина Романот се состои од 40 глави распоредени во три дела.
Прв дел. Бранови и зрачење (1-20 глава) Џек Гледни е професор на колеџот Хил во малиот град Блексмит, познат како основач на студиите за Хитлер. Тој е оженет со Бабет, а претходно бил оженет уште четирипати. Тој и Бабет имаат неколку деца, од кои повеќето се од нивните претходни бракови. Еден ден, основното училиште во градот е затворено поради појава на здравствени проблеми кај учениците и кај вработените.Don DeLilo, Beli šum. Geopoetika, Beograd, 2022, стр. 9-131.
Втор дел. Токсична воздушна појава (21 глава) Еден ден, во близината на градот се случува експлозија на вагон со отровни метерии поради што над градот се појавува голем отровен облак. Жителите на Блексмит веднаш се евакуирани во еден извиднички логор, а потоа се преместени во блискиот град. За време на евакуацијата, Џек кратко време излегува надвор и така се изложува на отровниот гас. По девет дена, луѓето се враќаат во своите домови, иако и понатаму во градот патролираат надлежниет служби мерејќи го присуството на опасните материи.Don DeLilo, Beli šum. Geopoetika, Beograd, 2022, стр. 133-197.
Трет дел. Диларама (22-40 глава) Џек открива дека сопругата Бабет тајно зема нерегистриран лек поради што има потешкотии со паметењето. Таа му признава дека се пријавила како доброволец во еден таен опит во кој се испитува нов лек кој треба да го потисне стравот од смртта. Исто така, Бабет признава дека одржувала љубовна врска со раководителот на проектот, но не го кажува неговото име ниту името на фирмата која го развива лекот. Исто како Бабет, и Џек е опседнат со смртта, откако дознава дека бил изложен на отровниот гас, а медицинските испитувања покажуваат дека има некои мали промени во неговото тело. Од својата колешка од колеџот, Џек го дознава името на раководителот на проектот, Вили Минк, кој живее во еден мотел во близина. Една ноќ, Џек го краде автомобилот на соседите и влегува во собата на Вили, кој не е свесен за стварноста поради претераната употреба на новиот лек. Џек има намера да го убие Вили и пука во него, а потоа му го става пиштолот во раката за да делува дека се работи за самоубиство. Тогаш, Вили пука во Џек и го ранува во дланката. Џек го носи Вили во една болница со која раководат германски калуѓерки, каде дознава дека ниту тие не веруваат во бога. Потоа, тој се враќа дома. Романот завршува со две посебни сцени: во првата, најмалиот син на Џек, малиот Вајлдер, минува преку автопатот, изложувајќи се на смртна опасност, а во втората, семејството на Џек го гледа залезот на сонцето.Don DeLilo, Beli šum. Geopoetika, Beograd, 2022, стр. 199-383.
За делото Романот „Бел шум“ е добитник на Националната награда за белетристика во 1985 година. Списанието „Њујорк тајмс бук ривју“ (The New York Times Book Review) го оценил делото како ироничен и сурово духовит коментар за животот во современа Америка, нагласувајќи дека на маестрално веш начин ги поставува неизбежните прашања. Според списанието „Њусвик“ (Newsweek), со овој роман, Делило си го обезбедил местото меѓу водечките американски романописци, а „Њу рипаблик“ (The New Republic) го нарекол романот восхитувачко и неверојатно забавно остварување. Во својот осврт кон делото, Зоран Пауновиќ нагласува дека Делило ни нуди соочување со свеста за привременоста на човековата среќа и вечноста на несреќата. Според него, романот претставува брилијантна анализа на физичкото и духовното загадување во современиот свет и бројгеловски раскошна слика на лажниот рај во потрошувачкото општество.Don DeLilo, Beli šum. Geopoetika, Beograd, 2022, стр. 7.
Наводи
Категорија:Дела на Дон Делило Категорија:Американски романи Категорија:Романи на англиски јазик Категорија:Книги од 1985 година